7 години љубов и страдање, не успеа да го извлече од зависности - Приказната на Сара Џ. Паркер и Роберт Д. Џуниор, што сите ја заборавија
- Детали
- сабота, 30 август 2025
„Само не сакав да умре... Му бев како мајка“ – Сара Џесика Паркер за старата љубов Роберт Дауни Џуниор. Тогаш двајцата имаа по 18 години, а денес 60, се запознаа во 84-та, живееја во ерата на легендарни аутфити, одлични улоги и гламурозни забави, но зад затворени врати, таа страдаше 7 години, поминати во страв, стрес, зависност. Сега тој е чист, а двајцата се во среќен брак со други личности.

Многумина веројатно не се ни сеќаваат дека во 80-тите, еден од најпопуларните холивудски парови беа Сара Џесика Паркер и Роберт Дауни Џуниор.
Тие беа заедно 7 години, тој беше нејзина голема љубов, но оваа врска не била воопшто лесна за неа, иако долго време се трудела да ја спаси од пропаст.

Се запознале на снимање на тинејџерскиот филм Firstborn во 1984-та година, кога имале по 18 години, а врската брзо им станала сериозна, кога решиле да се преселат заедно во Лос Анџелес, по само неколку недели состанување.
И секако, кога тоа ќе се случи на таа возраст, во почетоците на славата, очекувано е работите да тргнат наопаку.

Во тој период, Сара била комплетна спротивност од него, која не обожавала забави, а била многу фокусирана и професионална, па се обидувала да го држи во правец Роберт, кој имал проблеми со зависност, додека работите целосно не излегле од контрола.
Останала со него цели седум години, додека тој имаше проблеми со консумирање супстанци, што направило да се чувствува како да му е родител на 22 години, како што во една прилика има самата кажано.

Вистината е дека и Сара му била прва голема љубов на Роберт, но во 1991-ва се разделиле, кога таа сфатила дека и покрај сите напори, веќе не може да му помогне.
„Најголем дел од времето се грижев дали Роберт е во ред. Во еден момент, собрав храброст да му речам ’Ќе си одам и само ќе се молам дека нема да умреш‘“ - во 2018-та, и Сара прозборе за врската.

Актерката се вратила во Њујорк, каде продолжила со својот живот – се гледала со покојниот Џон Ф. Кенеди Џуниор, а неколку години подоцна, ја пронајде сродната душа Метју Бродерик.

Во 1997-ма се венчаа, а во овој период, Роберт Дауни, буквално го допре дното заради зависноста со која се бори од 8-годишна возраст, кога татко му почнал да му дава наркотици.
Прочитајте повеќе: Провалил во туѓ дом без облека под дејство на дрога, 2 пати беше во затвор – Мрачното минато на Роберт Дауни Џуниор
Освен што си го уништувал животот, низ годините имал бројни проблеми со законот заради зависноста од алкохол и дрога, неуспешно минувал низ рехабилитација повеќепати, а беше и во затвор, откако неколкупати прескокна да прави тестови за дрога, кои му биле задолжителни.

Дауни се борел цели 15 години со пороците и зависноста, кога во 2003-та конечно се исчисти, а во 2005-та се ожени за неговата сегашна сопруга Сузан.

Во изминатите години, двајцата актери имаат неколкупати зборувано за нивната романса, а се согласуваат дека неговата зависност ги уништила, но и тоа што биле млади и незрели.
Среќни се што тоа се случувало во период кога не постоеле социјални мрежи, бидејќи и без тоа биле постојано во фокусот на јавноста, а редовно се појавувале заедно на настани и црвен тепих.
„Ја сакаш таа личност и се плашиш дека ќе умре ако не си така да го одржуваш секој ден. само не сакав да умре... најтешките избори за таквите врски се оние кога треба да бидеш храбар доволно за да си заминеш, дури и ако мислиш дека ќе умре...“ – изјави Сара во 2016-та.

„Ми обезбеди дом и разбирање. Таа се обиде да ми помогне. Беше лута кога не можев да се соберам. Но, настрана тоа, имавме убави моменти заедно. Бев вљубен во Сара Џесика, но очигледно, љубовта не беше доволна“ – кажал тој во 2008-ма.

Во 2016-та, по долги години од нивната турбулентна љубовна врска, двајцата се обединиле и сретнале, а за оваа средба зборувале во интервју.
„Кога ја видов си помислив дека е супер и кул и забавна. Ги запознав нејзините деца, видов како живеат со Метју, и многу ги почитувам двајцата“, признал Дауни.

Сара пак, за оваа средба искоментира: „Беше убаво. Изненадувачки не беше чудно. Некако сме истите. Разликата е што сега тој има семејство и деца, очигледно кариерата му е сериозна, но неговата природа ми е целосно позната. Не чувствувам горчина“.

Сега двајцата имаат блескава кариера и семејство и со зрелост се потсеќаат на моментите кои ги имале.

Прочитајте и Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик
М. М. | Црнобело