Расел Кроу (61) на плажа во Шпанија со 28 години помладата свршеница – непрепознатлив со стомаче и долга брада (фото)
- Детали
- вторник, 02 септември 2025
Периодов Расел Кроу е на одмор со 33-годишната свршеница Бритни. Покрај критиките за возрасната разлика меѓу нив, некои коментираат и за изгледот на актерот и истакнуваат дека многу се запоставил, особено кога ќе се земе предвид дека е на иста возраст со Бред Пит и Том Круз.

Расел Кроу го користи последниот месец од летото на одмор во Шпанија, во друштво на неговата многу помлада свршеница Бритни Терио.
61-годишниот актер и 33-годишната Бритни беа фотографирани на плаќа во шпанскиот град Марбеља.
Актерот се разлади во морето, пред да се врати на лежалка до свршеницата каде запали цигара и разговараше со неа.
За разлика од пикот на славата, Расел изгледа малку запуштено, со стомаче и долга брада, па некои коментираат дека не води добра грижа за себе. Други истакнуваат и дека е на иста возраст со Бред Пит и Том Круз.
„Никој не беше позгоден од Расел Кроу во Gladiator“.
„Треба да почне да води подобра грижа за себе - колку побрзо, толку подобро“.
„Има среќа што барем не му паднала косата, па изгледа добро“.
Се шпекулира дека парот веќе ја планира свадбата која наводно ќе се одржи во омилената дестинација за венчавки на славните – Италија, поточно Рим.
Двајцата се немаат огласено за свршувачката, но стана јасно дека го планираат следниот чекор откако Бритни беше забележана со голем дијамантски прстен.
Шпекулациите за свадба во Италија, пак, се разгореа откако беа забележани како проверуваат црква во Рим која се користи за венчавки.
„Отсекогаш сакале Италија да биде местото каде што ќе се венчаат. Секојпат кога одат таму, се враќаат со уште повеќе љубов за земјата. Сон им се да се венчаат во Италија“, вели извор близок до парот.
И, Расел и Бритни навистина редовно ја посетуваат Италија – првото појавување на Бритни со свршенички прстен беше токму таму.
Не е познато кога Расел и Бритни ја почнале врската, но долг период се шпекулираше дека се пар. Конечно, во ноември 2020-та, тие ја потврдија врската кога беа фотографирани како споделуваат бакнеж.
Иако се држат настрана од јавност, сепак се соочуваат и со критики поради возрасната разлика.
Некои сметаат и дека Бритни само го користи актерот за неговата слава и неговото богатство.
Сепак, се чини дека таа е ценет дел од семејството на актерот бидејќи честопати одат на патувања со децата на Расел.
Бритни краток период работела како актерка и се претпоставува дека така и се запознале со Расел. Потоа почнала да работи како агент за недвижнини и оттогаш ја држи истата позиција.
Расел има две деца кои ги доби со претходната сопруга Даниел Спенсер. Тие се венчаа во 2003-та, но се разделија во 2012-та и го финализираа разводот шест години подоцна.
И покрај разводот што траеше долго, Даниел има изјавено дека се во мошне добри односи и дека се гледаат како дел од истото семејство.
Спирова С. | Црнобело