Бурниот (и краток) брак на Итан Хок и Ума Турман: Ја изневери со дадилката, па се венча и доби дете со неа по разводот
Потоа, во друго интервју, Итан кажа и дека со Ума, избрзале со одлуката да се венчаат бидејќи биле млади – на денот на венчавката, Итан имаше 27 години, а Ума 28.
„Кога сте млади, успехот може да биде голем товар. Тогаш ми се чинеше дека губам контрола. Сакав светот да не се врти толку брзо, па мислев дека бракот ќе биде од помош. Но, погрешив.
Според науката, машкиот мозок не е целосно развиен до 28-годишна возраст. Не требаше да се заколнувам на нешто што треба да трае подолго од две недели“.
Во меѓувреме, се појавија шпекулации за уште една афера на Итан. Кратко пред да се разделат со Ума, тој снимаше филм во Канада, па наводно таму имал афера со модел.
Итан ја негираше и оваа афера.
„Ума и јас не се разделивме поради неверство. Имавме многу проблеми уште пред да отидам во Канада. Тешко е.
Моравме да поставиме правила – кога едниот работи, другиот нема да работи. И, поради ова некој постојано беше отсутен.
Па, ќе речевме заедно да одиме некаде, па јас ги чувам децата во хотелска соба, додека таа снима шест часа на ден. Правете го ова девет месеци по ред и ќе видите како ќе се чувствувате.
Врските со двајца амбициозни партнери се тешки. И, нашата љубов се истроши“.
И покрај сите негирања, Итан не само што почна врска со дадилката, туку и се венчаа. Во 2008-ма, само три години по финализирањето на разводот, открија и дека очекуваат дете.
Итан и Рајан денес имаат две ќерки, а актерот вели дека сега му е полесно да се снајде во улогата на татко.
Иако Ума избегнува да зборува за разводот, неодамна Итан реши да го спомне.
Во интервју за GQ UK, тој вели дека разводот бил понижување за него, најмногу поради шпекулациите.
„Беше понижување дури и кога пишуваа убави работи за мене“.
Разводот бил и финансиски товар за актерот бидејќи тој требаше да ѝ плаќа алиментација на Ума. Па, за да има доволно пари, вели бил присилен да снима и лоши филмови.
„Кога се разведов, животот ми се распадна. Не сакам да снимам филмови само колку да заработам, но морам. Моите најдобри филмови не се тие што ми донесоа заработка.
Но, ја плаќам алиментацијата со глумата, плаќам за здравственото осигурување на децата, за нивното образование“, изјави актерот пред неколку години.
Ума уште нема откриено дали Итан навистина ја изневерил, но неколкупати има спомнато дека меѓу нив имало некакво „предавство“.
Спирова С. | Црнобело