Не ги тера децата да пишуваат домашна, ќерка ѝ има пирс на прстот: Ким Кардашијан повторно критикувана како мајка
- Детали
- среда, 03 септември 2025
Ким Кардашијан повторно се соочи со критики откако изјави дека децата не треба да пишуваат домашни. Неодамна, сестра ѝ Кортни изјави дека одењето на училиште било „застарено“.

Периодов Ким Кардашијан постојано се соочува со критики, најмногу за тоа како си ги воспитува децата.
Покрај несоодветниот аутфит на ќерка ѝ Норт која на 12-годишна возраст се појави со корсет и деколте, јавноста забележа и друг детаљ.
Ким ѝ дозволила на Норт да си стави пирс на средниот прст.
Некои сметаат дека Норт е премногу мала за пирсинг, а други истакнуваат дека ова е едно од поризичните места и не им е јасно зошто Ким дозволила.
„Има само 12 години… Боже, сирото девојче“.
„Пирсовите на прстот заздравуваат многу тешко. Дланките се едно од највалканите места на телото бидејќи ги користиме постојано, па не е паметно таму да се стави пирс – ќе се инфицира“.
„Не ни знаев дека постои нешто вакво!“
„Изгледа многу болно. Не знам што да кажам“.
Сепак, некои ја бранат ријалити ѕвездата и велат дека ако на 12-годишна возраст децата имаат обетки, зошто да не може да имаат и пирс.
Последно, Ким се соочи и со уште една критика поврзана со воспитувањето. За време на гостување во емисија, таа изјави дека децата не треба да пишуваат домашни задачи.