Не ги тера децата да пишуваат домашна, ќерка ѝ има пирс на прстот: Ким Кардашијан повторно критикувана како мајка
„Не верувам во домашни работи. Но, ќе ти кажам зошто. Децата се на училиште по осум часа дневно. Кога ќе си дојдат дома треба да спортуваат, да имаат живот, да поминат време со семејството.
Мислам дека домашните задачи треба да се завршуваат на училиште“, изјави Ким.
Јавноста смета дека со ова, Ким покажува дека не може да троши време на децата и да им помогне да научат нешто.
„Колку време минуваат во пишување домашна – 30 минути. Боже, не ги тераш децата да учат за приемен испит секој ден после школо“.
„Според мене, ова значи дека Ким не сака да троши време на децата. Само ќе им купи што сакаат и нека се снаоѓаат самите“.
„Жал ми е Ким, но не сме сите милијардери. Нашите деца треба да учат и самите да се изборат во светот“.
„Ким не сака да ги воспитува нејзините деца. Па, ако треба да пишуваат домашна, тоа значи дека ќе треба да минува време со нив и да ги научи нешто“.
Секако, некои сметат дека Ким е во право:
„Можеби ви звучи необично, но во Холандија, од каде што потекнувам, во основно со години не даваат домашни работи. Во Германија каде што сум сега, и децата и родителите се под стрес.
Па, морам да кажам дека преферирам систем каде што целото учење и пишување се одвива на училиштето, не дома“.
„Не сум фан на Ким, но се согласувам. Кога децата се дома, треба да имаат време за семејството и за одмор“.
Неодамна и сестра ѝ на Ким, Кортни, даде чудна изјава за одење во училиште – го нарече застарено.
„Зошто децата одат во училиште? Реално. Застарено е. Сметам дека треба да се образоваат дома“.
Кортни истакна дека нејзините деца ѝ праќале видеа од успешни луѓе кои не оделе на училиште, па затоа заклучила дека домашното образование е посоодветно, додека одењето во училиште е демоде.
Очекувано, не недостасуваа критики:
„Децата треба да одат на училиште бидејќи им треба образование за да работат. Не можат сите да живеат од парите на нивните родители“.
„Мене ме интересира дали ќе најми наставник или сама ќе ги учи децата“.
„Децата треба да одат на училиште за да не бидат како неа и другите Кардашијанс“.
Во истото интервју, Кортни се пофали и дека работела само еден ден во неделата. Желбата ја добила по раѓањето на нејзиното најмало дете.
Но, оние кои ја критикуваат за оваа изјава сметаат дека нема допир со реалноста бидејќи мнозинството мајки немаат избор освен да одат на работа, дури и кога детето им е многу мало.
„Тоа што повторно станав мајка го разбуди мајчинскиот инстинкт во мене. Се разгори чувството дека сум мајка. Имам силна желба да не одам на работа и да останувам дома со децата. Па, работам можеби еднаш неделно“.
Спирова С. | Црнобело