Пејачот Ne-Yo со 4-те девојки на шопинг, откако откри детали од бизарната врска: „Имаме распоред, а се дружиме и заедно“
Пејачот вели дека нема ограничување за бројот на девојки и би имал толку колку што може да си дозволи финансиски.
Инаку, до 2023-та, Ne-Yo беше и во брак, но сопругата поднесе барање за развод по „осум пеколни години“ со него.
Во емотивна изјава, таа откри дека причината за разводот се неговите неверства:
„Осум години со лаги измами. Осум години не сум знаела дека го делам сопругот со бројни жени.
Потценување е да речам дека ми се гади и дека срцето ми е скршено. Лудо е што ми рече да останам и да го прифатам. Тоа е менталитет на нарцис“.
Друга поранешна девојка на пејачот изјави дека раскинале бидејќи тој бил опседнат со секс во тројка.
Иако вели дека не го гледала тоа како изневерување, почнало да ѝ пречи што пејачот инсистирал само на такви сексуални односи.
Последно Ne-Yo и неговите девојки беа забележани во SKIMS продавница, на брендот на Ким Кардашијан.
Девојките разгледуваа долна облека, додека Ne-Yo ги чекаше, а во еден миг почна и да прегрнува една од нив.
Спирова С. | Црнобело