Извајано тело, поглед кој заведува - Кој е згодниот каубој од новиот хит-филм на Нетфликс?
- Детали
- среда, 17 септември 2025
Младиот актер Пирсон Фоде, ги излуди гледачите со својот изглед, а поради неговите извајани мускули, продорниот поглед со сините очи и шармантната насмевка, се стекна со статусот на нов холивудски заводник.

Пирсон Фоде (33) е новата ѕвезда на романтичната комедија на Нетфликс, Wrong Paris, а во кој тој глуми богат каубој кој бара љубов во реално-шоу.
Младиот актер ги излуди гледачите со својот изглед, а поради неговите извајани мускули, продорниот поглед со сините очи и шармантната насмевка, се стекна со статусот на нов холивудски заводник.

Wrong Paris веќе десетина дена се прикажува на Нетфликс и е најгледаниот филм на оваа платформа од моментот на неговата премиера.
Приказната го следи животот на Дон (Миранда Косгроув), амбициозна уметница, која се пријавува за шоуто мислејќи дека ќе патува во Париз, Франција, но наместо тоа завршува во Париз, Тексас.

Иако првично планира да биде елиминирана, почнува да развива чувства кон ергенот, ранчерот Треј МекАлен (Фоде), и тоа ќе ги искомплицира нејзините планови.
„Она што ме привлече кон улогата беше тоа што Треј не е дотеран ерген од реално шоу, туку обичен каубој кој некако завршува со камери в лице и 19 жени кои се борат за неговото внимание“, рекол Фоде.

За својот лик, каубојот со совршени стомачни мускули, вели:
„Треј е како Метју Меконахи кој случајно заталкал на снимањето на реалното шоу The Bachelor и си рекол: „Океј, ајде да го направиме ова“.
Кликнете на видеото за да го погледнете:
Фоде глуми од 2012 година и играл помали улоги во проекти како што се The Bold and Beautiful, Killing Game, Out of Hand и многу други.

Но, вели дека секогаш оди на аудиција за улоги што го предизвикуваат, а не по секоја цена.
„Барам улоги што ме плашат или ќе ме насмеат, оние што ме тераат да мислам: ‘Како ќе го изведам ова?’ Тој страв обично значи раст во нашата професија“, рекол тој.

Привлечноста што ја има со Миранда Косгроув на филмското платно е голема, а тие велат дека се пријатели кои одлично се забавувале на снимањето, но и се зближиле.
„Едвај спиевме, се смеевме додека не ни се слоши и се соочувавме со коњи и механички бикови како да сме на Дивиот Запад“, стои во една од неговите објави на Инстаграм.
Не е првпат двајцата актери да работат заедно. Фоде го имаше своето актерско деби на iCarly во 2012 година, каде што го играше ликот на Тод во една епизода, а Косгроув беше главната ѕвезда на серијата и ја глумеше Карли Шеј.

Во однос на неговиот приватен живот, Фоде беше во врска со глумицата Викторија Џастис од 2013 до 2015 година, со која глумеше во филмот Naomi and Ely’s No Kiss List.

Подоцна се забавуваше со актерката Саксон Шарбино од 2020 до 2022 година, но во моментов не е познато дали е во врска.
