Една актерка почина, друга се тужи со режисер: Што се случи со ѕвездите од Gossip Girl?
- Детали
- сабота, 20 септември 2025
Актерот што го глуми Чак Бас беше обвинет за силување, па си ја уништи кариерата, додека Блејк Лајвли, најголемата ѕвезда од серијата, води судска битка со режисерот Џастин Балдони.

Gossip Girl е серијата што ги одбележа средношколските денови на бројни милениумци, но и ги лансира кариерите на неколку актери.
Блејк Лајвли, Лејтон Мистер и Пен Баџли се само дел од ѕвездите од серијата кои успеаја да изградат успешна кариера.
Серијата заврши пред 13 години, а животот на главните актери драстично се промени оттогаш.
Па, каде се и што прават денес ѕвездите од Gossip Girl?
Блејк Лајвли
Блејк веќе беше активна во филмската индустрија кога добила понуда за улога во Gossip Girl.
Но, откри дека прво одбила бидејќи сакал да оди на факултет. Продуцентите ја убедиле дека може паралелно да студира и да работи на серијата, па прифатила.
Денес Блејк е можеби најуспешната актерка од серијата, а популарноста само ѝ се зголеми откако се венча со Рајан Рејнолдс.
Со сопругот беа меѓу омилените холивудски парови, но изминатава година многу работи се сменија.
Блејк го тужеше режисерот Џастин Балдони за недолично однесување на сетот на It Ends with Us, па јавноста почна да „копа“ по нејзиното минато и да открива детали кои ја покажуват во лошо светло.
Се соочи со критики за нејзиното однесување со новинари, за начинот на којшто го промовираше филмот It Ends with Us, а некои сметаат и дека во целата драма, жртвата е режисерот Џастин, а не таа.
Судењето на Блејк и Џастин е закажано за следната година.
Што се однесува до приватниот живот, Рајан и Блејк имаат четири деца кои пробуваат да ги скријат од очите на јавноста.

Лејтон Мистер
Иако стана ѕвезда преку ноќ, а продолжи да глуми и по завршувањето на серијата, Лејтон Мистер се држи настрана од јавниот живот.
Додека ја снимаше серијата се појави во неколку филмови, а потоа издаде и свој музички албум.
Уште е активна во индустријата, но главно добива помали улоги.
Од 2014 година е во брак со актерот Адам Броди со кого има две деца, а за нејзиниот приватен живот не се знае скоро ништо друго.

Пен Баџли
Пен Баџли не бил најсреќен што глумел во Gossip Girl, но факт е дека оваа серија го направи светски познат.
Покрај Gossip Girl, се има појавено и во други тинејџерски серии, па се плашел дека нема да може да излезе од тој шаблон.
Неколку години добиваше помали улоги, но потоа ја доби главната улога во трилер серијата You која се покажа како вистински хит и направи пресврт во неговата кариера.
Од 2017 година е во брак со пејачката Домино Кирк и заедно имаат три деца. Сопругата има и уште едно дете од претходен брак за кое се грижат заедно.

Чејс Крафорд
Како повеќето колеги од серијата, и Чејс работеше на други проекти додека се емитуваше Gossip Girl, но главно добиваше помали улоги.
Еднаш се најде и сред скандал – беше уапсен со марихуана, но една година подоцна, беше ослободен од обвиненијата.
Иако се трудеше, Чејс не успеа да го повтори успехот со Gossip Girl, но повремено уште е активен.
Досега не бил во брак, но имаше сериозна врска со актерката Ребека Ритенхаус. Моментално е во врска со моделот Келси Мерит.

