Една актерка почина, друга се тужи со режисер: Што се случи со ѕвездите од Gossip Girl?
Ед Вествик
Ед Вествик беше миленик на женската публика, а неговиот лик беше толку препознатлив, што и денес многумина го нарекуваат Чак Бас.
Иако му се предвидуваше блескава кариера, актерот се соочи со обвиненија за силување и сексуален напад од три жени.
Иако ги негираше обвиненијата, а немаше ни докази против него, ова беше доволно за да изгуби важна улога и неговата кариера претрпе удар.
Од 2024 година тој е во брак со актерката и модел Ејми Џексон, а имаат и едно дете. Ејми има и син од претходна врска.

Тејлор Момсен
Тејлор Момсен е најмладата од ѕвездите во Gossip Girl и додека се снимаше првата сезона, имаше само 14 години.
Но, по четири сезони, таа ја напушти серијата. Подоцна откри дека воопшто немала желба да глуми, туку сакала да се фокусира на музичката кариера.
Од 2009 година таа е пејачка на бендот The Pretty Reckless и освен во финалето на Gossip Girl, се нема појавено во ништо друго.
Пред неколку години откри дека во 2017-та и 2018-та минувала низ тежок период, со депресија и зависности, поради смртта на двајца пријатели.
Денес главниот фокус ѝ е музиката, а се претпоставува дека е сингл.

Џесика Зор
Џесика ја напушти серијата во претпоследната сезона, а потоа се појави само во финалето.
Тој период се шпекулираше дека имало несогласувања на сетот наводно поради нејзината врска со Ед Вествик – откако раскинаа, тој сакал да ја избркаат од серијата.
Оттогаш Џесика се има појавно во неколку филмови и серии, но главно со помали улоги.
Приватно, таа е во брак со хокеј играчот Бред Ричардсон, а заедно имаат едно дете.

Мишел Трахтенберг
Мишел веќе беше активна во индустријата пред да се појави во Gossip Girl, благодарение на улогата во Buffy the Vampire Slayer.
По завршувањето на серијата, се појави во неколку филмови и серии, но имаше и проблеми со алкохолизам
Според некои извори, Мишел имала сериозни проблеми со здравјето кои успешно ги криела од јавност.
За жал, во февруари 2025-та, таа беше пронајдена мртва во нејзиниот дом.
Наводно ѝ била направена трансплантација на црниот дроб, а смртта настапила поради компликации

Прочитајте повеќе: Детали за смртта на ѕвездата (39) од Gossip Girl: Компликации по трансплантација на црн дроб, се борела со алкохолизам
Спирова С. | Црнобело
