Ден Браун (61) ќе се венча со љубовницата (34), 6 години по бурниот развод: Водел двоен живот, „крадел“ пари од сопругата
- Детали
- петок, 19 септември 2025
По 20 години заедно, Ден Браун и сопругата што му помогна да ги напише неговите бестселери се разведоа. Тогаш сопругата откри дека Ден имал 4 љубовници, а за нив трошел од нивните заеднички пари. Сега, 6 години подоцна, писателот планирал да се венча со една од љубовниците.

Благодарение на книгата „Кодот на да Винчи“, Ден Браун стана еден од најпознатите и најпродаваните писатели во светот.
Од првите три книги продавал по едвај 10.000 копии, но четвртата, „Кодот на да Винчи“, направи пресврт во неговата кариера, па писателот може да се пофали со над 250 милиони продадени книги и милионско богатство.
Но, и неговиот приватен живот изгледа како заплет од некоја од неговите книги.
Цели две децении, Ден Браун беше во брак со Блајт Браун за која самиот велеше дека му помогнала да ја напише „Кодот на да Винчи“.
Навидум совршениот брак се распадна во 2018 година, наводно бидејќи писателот водел двоен живот и имал неколку љубовници за кои крадел пари од заедничката сметка со сопругата.
Тие го финализираа разводот во 2019 година, без многу драми, но веќе во 2020-та, Блајт Браун излезе со обвиненија за двојниот живот на писателот.
Таа изјави дека Ден имал афери со неговата лична тренерка, фризерка, жена што ја сретнал на Карибите и жена која работела како тренер на коњи.
Блајт одлучи и да го тужи Ден бидејќи скришно префрлал пари од нивната заедничка сметка за да им купува подароци на четирите љубовници.
Писателот ги негираше обвиненијата, но Блајт изјави дека го тужи бидејќи сметала дека е време да истапи за себе.
„За време на разводот пробав да ја апсорбирам шокантната вистина дека додека бевме во брак, Ден водел двоен живот. Со децении му верував на овој маж. Работевме напорно заедно, се трудевме да изградиме нешто значајно.
Сега не го препознавам мажот во којшто се претвори. Време е да ги откријам неговите измами и предавство“.
Блајт истакна дека таа му помагала да ги формулира идеите не само за „Кодот на да Винчи“, туку и сите останати книги, а и Ден го им потврдено истото.
„Веројатно немаше да ја напишам ’Кодот на да Винчи без неа‘. Без сомнение, таа е најталентираната жена што ја знам“, сподели писателот во 2017-та.
Пред да ја издаде „Кодот на да Винчи‘, Блајт била главниот истражувач за книгата, а потоа ја презела улогата и на прв уредник. Со други зборови, тие биле партнери кои заедно го создале делото.