Ден Браун (61) ќе се венча со љубовницата (34), 6 години по бурниот развод: Водел двоен живот, „крадел“ пари од сопругата
Книгата беше преведена на 44 јазици, а во 2006 година беше снимен и филм кој заработи повеќе од половина милијарда долари.
„Блајт и Ден создадоа партнерство во литературниот свет кое требаше да трае со години и ги однесе на места на кои не ни сонуваа дека ќе одат.
Блајт ги разви темелите за критичните концепти, историските детали и комплексните пресврти“, стои во нејзината тужба.
Таа му помагала и за наредните книги што ги издаде писателот, па затоа сметала дека треба да ја раскаже својата страна.
Блајт вели дека првпат забележала промена кај сопругот во 2014 година.
„Почна да се оддалечува од мене, се облекуваше поразлично и почнуваше караници за неважни работи, без навидум никаква причина“.
До 2018-та, веќе многу се оддалечиле, па писателот ѝ рекол дека би било добро да се разделат, но да останат „најдобри пријатели“.
Блајт се иселила од нивниот заеднички дом, бидејќи било јасно дека треба да се избегне јавен развод, но и бидејќи мислела дека има целосен увид во нивните заеднички пари.
„Но, тоа не било вистина. Со години, Ден тајно префрлал пари од заедничката сметка, делумно за активностите со неговите љубовници“.
Писателот трошел огромни суми на љубовниците, а на една од нив ѝ купил и коњ вреден речиси 300.000 долари.
Поради ова, сумата на заедничката сметка значително се намалила, па Блајт решила дека треба да делува.
Писателот не ги негираше обвиненијата за љубовниците, но стоеше на ставот дека никогаш не трошел заеднички пари без нејзино знаење.
Следната година, Ден и Блајт направија спогодба, а сега, пак, писателот не ја крие врската со тренерката на коњи, едната од четирите љубовници со кои ја изневеруваше поранешната сопруга.
Партнерката на Ден – Џудит Питерсен – има 34 години и веројатно не ѝ пречи тоа што актерот летово го прослави 61-тиот роденден.
Имаат објавувано и заеднички фотки, а сега, пак, се претпоставува и дека се свршиле.
Според некои извори, писателот ја нарекувал Џудит негова „свршеница“.
Засега писателот се нема огласено за наводната свршувачка.
Спирова С. | Црнобело