Се запознале на фудбалски натпревар, му го запишала бројот на билет за воз: Љубовната приказна на Дејвид и Викторија Бекам
- Детали
- сабота, 20 септември 2025
Дејвид првпат ја здогледал Викторија на фудбалски натпревар и бидејќи не ѝ пришол, бил сигурен дека ја пропуштил шансата. Но, следната недела, Викторија се вратила, а овој пат фудбалерот се потрудил да ја освои – и, очигледно, успеал.

Како еден од најпознатите парови во светот, јавноста постојано е запознаена со она што се случува во животот на Дејвид и Викторија Бекам.
Имаат четири деца, а нивниот брак е опишуван како еден од најстабилните во светот на шоу-бизнисот.
Но, бидејќи се заедно речиси 30 децении, сигурно сте заборавиле како почнала нивната љубов.
Љубовната приказна на Дејвид и Викторија Бекам:
И Дејвид и Викторија пораснале во Лондон и иако живееле во непосредна близина, немале можност да се сретнат ниту еднаш во детството и тинејџерските години.
Се запознале во 1997 година, кога Викторија веќе била ѕвезда како дел од групата Spice Girls, Дејвид играл за Mancheseter United.
Како што има раскажано фудбалерот, првпат ја здогледал на негов фудбалски натпревар.
Тогаш Викторија имала 22, а Дејвид 21 година и фудбалерот вели дека веднаш му се допаднала.
„Дојде на мој фудбалски натпревар и ја поздравив оддалеку, но тоа беше сè. Си помислив дека ја пропуштив можноста, но следната недела, таа дојде на уште еден натпревар“.
Овој пат Дејвид си рекол дека ќе проба да си ја искористи шансата.
„Разговаравме цел час. Викторија дошла на натпреварот со воз, па ми го запиша нејзиниот број на билетот. Уште го чувам“.
И на Викторија веднаш ѝ се допаднал Дејвид бидејќи многу се разликувал од неговите соиграчи.
„Додека другите фудбалери пиеја со тимот, Дејвид стоеше настрана со неговото семејство. И, имаше толку слатка насмевка“, има изјавено дизајнерката.
Тие почнаа врска и веќе следната година се пофалија дека се свршиле.
Дејвид ја запросил со дијамантски прстен, а пред неколку години открија дека низ годините, ѝ купил дури 15 свршувачки прстени – секој поубав (и поскап) од претходниот.
Во 1999 година, Дејвид и Викторија го добија синот Бруклин, а четири месеци подоцна направија раскошна свадба во замок во близина на Даблин.
Во јавност не се достапни многу фотки од свадбата, но според некои гости, настанот бил толку раскошен, што Дејвид и Викторија седеле на кралски тронови.
Три години подоцна, во 2002-ра, тие го добија синот Ромео.
До 2003 година, Дејвид играше исклучиво за англиски тимови, но потоа се префрли во Real Madrid. Па, целото семејство се пресели во Шпанија, каде што живееја неколку години.
Но, набрзо откако се преселија во Шпанија, се појавија гласини дека Дејвид ја изневерува Викторија.
Наводно, бил забележан како излегува од клуб во Мадрид со непозната жена. Подоцна жената беше идентификувана како асистентката на Дејвид.
