Блејк Лајвли објави досега невидени фотки од снимањето на Gossip Girl, по 18 години: „Серијата ми беше школо“
- Детали
- понеделник, 22 септември 2025
„Летото кога Gossip Girl наполни 18 години... Оваа серија ми беше како колеџ, учител, но и мојот социјален живот, а Њујорк ми беше кампус цели 6 години. Многу спомени...“ – Блејк Лајвли носталгична за серијата објави фотки со колегите од снимањето, прегратки со „Блер“, погледи со „Чак“, но и спомен со сега веќе починатата актерка што ја глумеше Џорџина.

Поминаа 18 години од премиерата на серијата Gossip Girl, која во 2007-ма ги освои тинејџерите од цел свет, но и повозрасните генерации.
Серијата се емитуваше до 2012-та, а многумина и до ден денес ја гледаат по којзнае кој пат, иако некој можеби и првпат.

Денес, актерите се многу променети, тинејџерите кои ги познававме тогаш, сега се семејни луѓе, а дел од нив ја продолжија својата актерска кариера успешно.
Прочитајте повеќе: Една актерка почина, друга се тужи со режисер: Што се случи со ѕвездите од Gossip Girl?
Блејк Лајвли, која ја глумеше Серена ван дер Вудсен, на својот Инстаграм профил објави серија фотки, досега невидени, најголем дел од снимањето и дружењето во тој период.

Во носталгичната објава таа напиша:
„Летото кога Gossip Girl наполни 18 години... Оваа серија ми беше колеџ, моја едукација, мојот социјален живот, мојата напорна работа, моите доцни ноќи и рани утра, мој учител.
Њујорк и Силверкап студијата (понекогаш и Париз) ми беа кампус цели 6 години. Колку многу спомени... Каква деценија...“
Блејк инаку, живее тешка година откако го тужеше режисерот Џастин Балдони за недолично однесување на снимањето на It Ends with Us, па јавноста почна да „копа“ по нејзиното минато и да открива детали кои ја покажуват во лошо светло.
Во целиот тој хаос, таа се обидува да остане позитивна и во јавноста да остави добар впечаток, а оваа објава потсетува на убавите времиња кога се прослави.
Прочитајте и Откако остана без другарки, Блејк Лајвли повлече две тужби против Џастин Балдони – Дали некој уште ја поддржува?
Погледнете ги фотките кои Блејк ги објави:





