„Приберете си го задникот“ – Критики за ѕвездите кои го „владеат“ трендот на фустани со голи задници
- Детали
- понеделник, 22 септември 2025
„Тангата која има една тенка линија, независно дали во црна или бела боја, изгледа вулгарно, да не зборувам колку е непријатно. Не сакам да седам во бар и да гледам растресени задници додека си ставам пијалак, бидејќи да не се лажеме, кога ѕвездите ќе започнат некој тренд – сите почнуваат да го следат“ - вели модна стилистка, која се моли трендот на голи задници, кој го предводат ѕвезди како Марго Роби, Зои Кравиц и многу други, да не се рашири.

Изгледа дека трендот на голи задници и покажување повеќе од што треба се враќа во мода, а истиот го диктираат славните личности.
Во последно време неколку ѕвезди се појавија со храбар стајлинг на настани, а изгледа дека сериозно си ја сфатиле изреката „помалку е повеќе“, кога станува збор за количината на облека.
По сите голи грбови, разголени деколтеа и високи шлицови, изгледа сега дојде ред на голи задници, што за многумина е премногу и оддава невкусен впечаток.
Во минатото, беше модерно да се носат панталони од кои ѕирка тангата, а тој тренд се врати во 2020-та, кога Џенифер Лопез и Ким Кардашијан почнаа да ја покажуваат долната облека над фармерки.

Но сега, овој тренд е нешто сосема поразлично и изгледа како да се шири заразно.
Марго Роби, со цел да му оддаде чест на починатиот Џорџо Армани, неодамна се појави во негова креација, целосно проѕирен фустан со кристали, а под него целосно се гледаше линијата од нејзиниот задник.

Неколку дена подоцна, актерката Дакота Џонсон се појави во сличен стајлинг, долг фустан, целосно направен од чипка, низ кој се проѕира задникот со црна полутанга.

Претходно, Џулија Фокс се појави на Греми наградите во целосно проѕирен аутфит кој ѝ го открива задникот, пејачката Дуа Липа се прошета низ Њујорк во плетен фустан низ кој се проѕира долната облека, а и Бритни Спирс сними видео на кое е во долна облека.

Зои Кравиц исто така, на забавата по Оскарите годинава, облече црн долг фустан, со наменски отвор во делот кај задникот кој целосно го открива овој дел од телото, a и Џеј Ло не одолеа на овој тренд, меѓу многуте други познати дами.

Иако некои сметаат дека секој има избор да го покаже своето тело, сепак повеќето се согласуваат дека изгледа невкусно и дека не ни е потребно ова да се претвори во тренд кој ќе го гледаме насекаде околу нас.
Клеми Филдсенд е моден стилист и моден уредник во британскиот магазин The Sun, а таа за оваа тема има многу што да каже, негативно.
Во продолжение извадок од нејзината колумна:
„Тангата, независно дали во црна или бела боја, изгледа вулгарно, да не зборувам колку е непријатно.
Не сакам да седам во бар и да го гледам тоа додека си ставам пијалак, бидејќи да не се лажеме, кога ѕвездите ќе започнат некој тренд – сите почнуваат да го следат.
Кога си холивудска ѕвезда, со совршена фигура која ги засенува и супермоделите, секако дека изгледаш сензационално.
Но, ајде да не дозволиме овој тренд да ја зарази цела нација, бидејќи насекаде ќе гледаме месести бели задници како се тресат по државава.

Немам проблем да правите што сакате дома, но можеби останатите од нас не мора да го видиме тоа.
Ајде дами, нема бегање од фактот дека ако се обидеме да ве ископираме, нашите задници ќе бидат предмет на исмејување.
Па ајде да го оставиме овој тренд, и голите задници, во минатото“.

М. М. | Црнобело