Спиела со таткото на Ким Кардашијан, Елвис ја силувал и сакал да абортира: Присила Присли со нови контроверзни откритија
„Ме присили на секс, како што мислеше дека би правел еден карате инструктор. Па, ми остана несреќно сеќавање од последниот однос со Елвис“, пишува Присила за трауматичното искуство.

Иако Елвис постојано ја изневерувал Присила, му било тешко да прифати дека и таа имала афера.
Имено, дури почнал да бара и платен убиец за да го убие љубовникот на Присила, но близок пријател го премислил.
„Неколку недели откако го напуштив, им кажувал на пријателите дека мојот љубовник треба да умре. Но, понекое време се смири и не најми убиец“.

Присила сподели и друг „сочен“ детаљ од нејзиниот живот – врската со Роберт Кардашијан, таткото на Ким Кардашијан.
По разводот и крајот на врската со карате инструкторот, во 1975 година, Присила почнала да се гледа со познатиот адвокат.

Го запознала преку заеднички пријател и има само пофални зборови за него.
„Роберт беше прекрасен маж и ми се допаѓаше. Но, неговата професија му одземаше многу време, минуваше многу часови во канцеларија и немаше многу време за романса“.
Присила тврди и дека Роберт сакал да се венчаат, но по разводот од Елвис, таа не била подготвена за таков чекор.

Истовремно, Присила се плашела Елвис да не дознае за врската бидејќи бил многу љубоморен.
Таа сподели и ситуација кога Елвис ѝ се јавил додека била во кревет со Роберт. Пејачот сакал да ѝ раскажува за свој настап, не знаејќи дека Присила е со новиот дечко.
„Сигурно ќе полудеше, можеби буквално, ако знаеше дека Роберт е во мојата спална. Елвис секогаш носеше наполнет пиштол, некогаш и повеќе од еден“.

Присила зборува и за бракот на ќерка ѝ Мари Присли и Мајкл Џексон, кои се венчаа во 1994 година. Тој период пејачот се соочуваше со обвиненија за педофилија, па Присила вели дека била запрепастена.
„Не верував дека ја сакаше ќерка ми. Тогаш се венча со неа бидејќи требаше да изгради имиџ на стрејт маж. Тоа беше еден начин да се бори против обвиненијата за педофилија“, пишува Присила.
Само две години подоцна, ќерка ѝ поднесе барање за развод, а Присила вели дека во тој миг била сигурна дека и Елвис би бил среќен.

Емотивна, таа зборува и за тешкиот живот на ќерка си, вклучително и зависноста од дрога која вели ја наследила од татко ѝ.
Лиса никогаш не ја преболела смртта на татко си и според Присила, изгубила желба за живот долго пред својата смрт во 2023-та.
Присила ја завршува книгата со зборови упатени кон ќерка ѝ:
„Мое мало лудо дете, ќе те сакам засекогаш“.
Прочитајте и: Присила Присли обвинета дека се вмешала во смртта на ќерка ѝ Лиза Мери – Сакала да го добие богатството од Елвис
Спирова С. | Црнобело