Присила Присли обвинета дека се вмешала во смртта на ќерка ѝ Лиза Мери – Сакала да го добие богатството од Елвис
- Детали
- четврток, 14 август 2025
Според нова тужба поднесена од страна на нејзини поранешни бизнис партнери, Присила Присли прерано ја исклучила животната поддршка на ќерка ѝ Лиза Мари Присли, со цел да го добие наследството оставено од Елвис. Иако Присила негира, во тужбата е наведено дека таа делувала од страв дека нема да добие ништо од покојниот сопруг.

ВО 2023 година, почина Лиза Мари – ќерката на Елвис и Присила Присли.
Лиза Мари имаше само 54 години, а почина од компликации кои настанале поради операција за слабеење што ја направила неколку години претходно.
Нејзината смрт беше голем шок, особено бидејќи само два дена пред да почине, таа се појави на доделувањето на Златните глобуси.
Сега, поранешни бизнис партнери на мајка ѝ Присила тврдат дека таа „вмешала прсти“ во смртта на Лиза, со цел да дојде до наследството од Елвис.
Поранешните бизнис партнер Брижит Крус и Кевин Фиалко тврдат дека Присила направила цела шема за да ги измами, како и дека ја експлоатирала смртта на ќерка си Лиза Мари.
Имено, кога Лиза имала срцев застој, таа веднаш побарала да се исклучи нејзината животна поддршка, наместо лекарите да се обидат да ја спасат.
Лиза Мари беше единственото дете на Елвис Присли, па со тоа и единствен наследник на неговото богатство и имот.
Во тужбата е наведено дека Присила сакала има целосна контрола над богатството што Лиза го добила од Елвис.
Лиза, наводно, била свесна за ова, па планирала да ја одземе малата контрола над богатството што Присила веќе ја имала.
За да ја задржи контролата над парите оставени од Елвис, поранешните партнери на Присила велат дека таа се вмешала во смртта на ќерка си Лиза.
Притоа, непосредно пред смртта, Лиза ѝ се жалела на мајка ѝ за проблеми со здравјето, но таа ја игнорирала. Според тужбата, дури и ја терала да одат на настани.
Уште во 2010 година, Лиза наводно потпишала изјава според која во случај да биде хоспитализирана, сакала да биде одржувана во живот што е можно подолго.
Но, Присила не ја исполнила оваа желба и побарала ќерка ѝ да биде исклучена од животна поддршка кратко по хоспитализацијата. Во тужбата е истакнато дека дури ни баба ѝ на Лиза не стигнала до болницата за да ја види внука си.
„Присила знаеше дека смртта на Лиза ја оттргна заканата дека ќе ја изгуби контролата над парите што ги остави Елвис. Крајната цела на Присила беше да го контролира богатството што Лиза Мари го наследи од татко ѝ“.
Сепак, адвокатот на Присила вели дека сè што е наведено во тужбата е измислица.
„Ова е без сомнение една од најсрамните, најсмешните и најглупавите тужби што сум ги видел. Ова е ништо повеќе од тажен и злобен обид да се уништи репутацијата на 80-годишна жена…
Да обвинете мајка дека била вмешана во смртта на ќерка си е злобно. Овие измислени тврдења воопшто не се поткрепени и сигурни сме дека тужбата ќе биде одбиена“.
По смртта, богатството на Лиза Мери го наследи нејзината ќерка Рајли. Па, кога Лиза почина, Присила поднесе жалба за тестаментот на ќерка си.
На крај, тие направија спогодба – Рајли ѝ плати 1,4 милиони долари на баба ѝ, но ја задржа контролата над богатството оставено од Елвис.
Прочитајте и: На 9 години ја вовлекла во скиентологијата, ѝ земала пари без нејзино знаење – Односот на Лиза Мари Присли и нејзината мајка
Спирова С. | Црнобело