Се породи Ријана, со Ејсап Роки добија трето дете: „Се молевме да биде девојче“
- Детали
- четврток, 25 септември 2025
По многу објави со двaта сина во последниов период, Ријана се породи и конечно доби девојче. Нејзиниот партнер претходно кажа: „Се молиме да биде девојче, не го знаеме полот, но чувствувам дека ќе биде девојче. Оваа бременост беше различна од другите две“.

Ријана и Ејсап Роки го добија нивното трето дете, овој пат девојче, по двајцата синови Риот (2) и RZA (3).
Пејачката сподели дека е бремена кога на овогодишната Мет Гала се појави со големо трудничко стомаче во креација правена за нејзиното тело во бременост.

Сега, таа на Инстаграм сподели фотографија од себе со новороденото бебе во раце и го откри името и датумот на раѓање:
„Роки Ајриш Мајерс. 13 септември 2025“.


Родителите за ќеркичката одбрале име по нејзиниот татко, кој неодамна во разговор за Elle, изјави:
„Се надевам дека ќе биде девојче. Навистина. Се молиме за девојче. Првиот пат сакавме да го знаеме полот.
Вториот пат не сакавме и сега третиот пат, исто така не сакаме да знаеме додека не се породи.
Но чувствувам дека ќе биде девојче. Оваа бременост беше различна од другите две. Може да се познае од искуство.
Ми треба да биде девојче“

M. M. | Црнобело