Срамни видеа, бездомништво, затвор: Ѕвездите од Baywatch се вистински малер
Лони Вилсон
Приказната на Лони Вилсон е можеби најтажната.
Бурниот брак со Џереми Џексон ѝ го влошил менталното здравје, а и таа самата имаше проблеми со зависност од дрога.
Со години, Лони се криеше од јавност за во 2018 година да се појават фотки од неа како бездомничка.

Неколкупати Лони е забележана како ги пребарува контејнерите низ Лос Анџелес, но и како користи дрога.
Наводно, нејзини блиски пробувале да ѝ помогнат, но таа секојпат ги одбивала.
Актерката уште има сериозни проблеми со менталното здравје за кои не добива соодветна помош.

Јасмин Блит
Јасмин се појави во три сезони од серијата, по што продолжи да работи како модел, а лансира и своја линија костими за капење.
Но, и таа имаше проблеми со дрога.
Беше уапсена за сообраќајна несреќа што ја предизвикала под дејство на кокаин.

Додека беше на рехабилитација, пак, запозна сопственик на стриптиз клуб со кого се венча.
Актерката вели дека сега е во добра состојба, но додека траела зависноста, ни пријателите не ја препознавале:
„Ми велеа дека сум изгледала како вонземјанин, очите ми биле испакнати. Кокаинот создава психичка завидност, па многу околности ме тераа да го користам“.

Никол Егерт
Никол Егерт ја почнала кариерата долго пред улогата во Baywatch – уште како бебе, мајка ѝ ја носела на натпревари за убавина, а потоа и во детството добивала ангажмани како модел.
Првата улога, пак, ја добила на само осумгодишна возраст.
Во 2014-та, Никол изненади со изјавата дека се откажува од филмската индустрија за да продава сладолед.

Дури неодамна, таа откри дека неколку години се бори со рак на дојката. Имала направено неколку операции и третмани со хемотерапија.
„Ова патување е тешко за мене. Преку глава ми е. Секој месец имам две добри недели и две недели кои ги минувам на третмани“.
Пред воопшто да може да ѝ биде направена мастектомија, актерката морала да оди на хемотерапија бидејќи ракот бил многу проширен.
Последно што има откриено е дека наскоро треба да прави уште една операција.

Спирова С. | Црнобело