Срамни видеа, бездомништво, затвор: Ѕвездите од Baywatch се вистински малер
- Детали
- понеделник, 29 септември 2025
Памела Андерсон ја споредуваа со порно актерка поради снимката што протече во јавност, додека Лони Вилсон е бездомничка која честопати е фотографирана како бара храна по контејнери.

Baywatch e една од најпопуларните ТВ серии која беше огромен хит во 1990-тите.
Се емитуваше цела деценија, а актерите важеа за едни од најубавите мажи и жени во светот.
Но, колку што биле убави и успешни, повеќето од нив толку биле и баксуз.

Трагедиите што ги снајдоа ѕвездите од Baywatch:
Дејвид Хаселхоф
Дејвид Хаселхоф ја спаси серијата Baywatch – откако беше откажана по една сезона, тој вложи свои пари за да ја врати во етер, а самиот се појави во над 200 епизоди.
Покрај актерска, оваа улога му помогна да лансира и мошне успешна музика кариера.
Има своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд, а се има појавено и на неколку бродвејски претстави.

Но, среде целиот успех, Дејвид се бореше со алкохолизам.
Во 2007 година, неговата ќерка сподели тажно видео на кое се гледа како актерот во алкохолизирана состојба јаде хамбургер.
Овој инцидент го натера да се огласи за својот проблем:
„Моите ќерки секогаш сурово ми ја кажувале вистината кога се забавував премногу.
Можеме да го спасиме светот, но прво треба да ги спасиме нашите деца. И, тоа почнува со тоа што ќе бидеме искрени кон себе и искрени со нашите деца“.

Памела Андерсон
По огромната популарност со Baywatch, Памела сонуваше дека ќе изгради актерска кариера.
И, долг период беше мошне успешна на големото платно. Но, приватно најмногу проблеми имаше со љубовниот живот.
Актерката шестпати застана пред олтар, а бракот со Томи Ли беше најбурниот.

Откако се разделија, во јавност протече нивна секс снимка што ја уништи репутацијата на Памела.
Сите почнаа да ја гледаат како порно актерка и да ја осудуваат, без разлика што таа беше најголемата жртва во целата ситуација.
Но, животот на Памела тргна во позитивна насока. Повотрно се активира на филмското платно, а се шпекулира и дека нашла љубов со актерот Лиам Нисон.

Џереми Џексон
Листата со проблеми и премрежја на Џереми Џексон е навистина долга.
Покрај успехот со Baywatch, тој се појави во други проекти, имаше успешна музичка кариера, а влезе и во светот на модата.
Тој беше во брак со Лони Вилсон, колешката од Baywatch која подоцна го обвини за семејно насилство.
Џереми имаше проблеми со зависност од дрога и алкохол, а имаше и проблеми со законот – еднаш избодел жена, а друг маж тврдеше дека го избодел дури деветпати.
Во 2017 година помина околу една година во затвор за напад со оружје.

Актерот има зборувано за проблемите во животот:
„Заработив над 3 милиони долари од Baywatch. Па, имав сè што ми требаше за да се уништам. Имав многу пари, многу луѓе кои мислев дека ми се пријатели, но не ми беа и бев вовлечен во дупка.
Секој ден пушев марихуана и користев кокаин до крајности. Еден период дрогата немаше ни ефект на мене“.
Беше обвинет и за производство и продажба на метамфетамин, по што реши да си го среди животот.
„Поминав 90 денови во затвор. Ги отфрлија обвиненијата за производство, па бев обвинет само за продажба на дрога. Си ја одлежав казната и бев на рехабилитација“.
Актерот почна да води здрав живот и да вежба, но потоа стана зависен од стероиди. Според неговите последни изјави, се ослободил и од овој порок и сега е во многу подобра состојба.
