Сите откриени детали за тајната свадба на Селена Гомез викендов - гостите нема да ја знаат точната локација додека не ги одвезат
- Детали
- петок, 26 септември 2025
На списокот има околу 300 гости меѓу кои Тејлор Свифт и Парис Хилтон, ќе се одржи на луксузна локација во Калифорнија, ќе ги забавува Снуп Дог, а дадени се околу 300.000 евра за обезбедување – откриени детали за тајната свадба на Селена Гомез и Бени Бланко која се очекува да се случи викендов.

Селена Гомез и Бени Бланко првпат се запознаа пред една деценија за соработка, а подоцна нивното пријателство прерасна во романса, кога во 2023 ја потврдија тајната врска.

Двајцата биле сигурни дека се еден за друг, па една година подоцна тој ја запроси со огромен дијамантски прстен кој чини 1 милион долари.

Иако се обидуваа да остане во тајност, сепак во јавноста протекоа информации за нивната свадба, која веројатно ќе се случи викендов, односно во сабота на 27 септември.
Кои други детали се досега познати за свадбата на Селена и Бени, кои заедно „тежат“ повеќе од 1 милијарда долари?
Со оглед на нивните големи работни обврски и немање време, наводно ја ангажирале Минди Вајс, планер на настани и свадби, која работи со многу познати личности, за да им го организира денот од соништата.

Ќе го кажат судбоносното ДА на тајна церемонија која ќе се одржи на луксузна локација во Монтесито, Калифорнија.

Венчавката ќе се случи на огромен приватен имот, кој ќе биде покриен со шатори и заштитен со многу обезбедување, наводно по цена од 300.000 долари, за да си ја загарантираат приватноста.

Точната локација не ја знаат однапред ниту гостите, а ќе ја откријат дури откако ќе ги земат и ќе бидат одвезени таму на денот на свадбата.

На забавата ќе има околу 300 гости, од кои многу познати личности, меѓу кои Парис Хилтон, како и другарката на Селена, Тејлор Свифт, а Мерил Стрип во последен момент откажала присуство.

Гостите кои ќе преноќат по свадбата, наводно ќе бидат сместени во луксузниот спа ресорт El Encanto, сопственост на косопственикот на Tinder, каде собите чинат од 1.000 до 4.000 долари по ноќ па нагоре, а за овој викенд нема слободни места.

За забавата по свадбата ќе се погрижи Снуп Дог, кој претходно има соработувано со Бени Бланко.

М. М. | Црнобело
