Насилен дечко, пропаднати бракови, врска со „дедо“: Детали за љубовниот живот на Рис Витерспун
Џејк Џиленхол
Откако се раздели со Рајан Филипе, Рис почна да се гледа со Џејк Џиленхол, и тоа уште пред да го финализира разводот.
Освен заедничките појавувања на настани, парот не се експонираше во јавност, а ставија крај на врската во 2009 година
Не е познато што точно се случило, но извори блиски до актерите открија дека разделбата била мирна и немало драми, изневерување и слично.

Џим Тот
Околу една година по разделбата со Џејк, Рис почна врска со Џим Тот.
И, брзо го направија следниот чекор – во 2011-та се венчаа, а следната година добија и дете.
Нивниот брак беше доста стабилен и беа меѓу омилените холивудски парови Но, во 2023-та соопштија дека се разделуваат.
Истата година го финализираа разводот, а заедно продолжија да се грижат за нивното дете.

Оливер Харман
Моментално Рис е во врска со бизнисменот Оливер Харман, а првпат беа забележани заедно минатата година.
Бидејќи бизнисменот има скоро 60 години, а актерката 49, се соочи со критики дека „си фатила дедо“.
Некои коментираа и дека значително си ги намалила критериумите.
Но, според папарацо фотките од летово, Рис изгледа навистина вљубено и среќно.
Засега таа се нема огласено за новата љубов. Единствено е познато дека биле пријатели, па се зближиле и почнале романтична врска.

Спирова С. | Црнобело