Насилен дечко, пропаднати бракови, врска со „дедо“: Детали за љубовниот живот на Рис Витерспун
- Детали
- сабота, 04 октомври 2025
Рис Витерспун зад себе има два пропаднати брака, а моментално е во врска со многу постар бизнисмен. Иако некои се шегуваа дека „си фатила дедо“, актерката изгледа среќно.

Рис Витерспун е актерка која зад себе нема скандали и генерално си се фокусира на својата професија.
Но, повремено знае да привлече внимание со љубовниот живот, како на пример нејзиниот нов дечко кој има скоро 60 години.
Што знаеме за љубовниот живот на актерката?
Врска со насилен партнер
Во 2018 година, Рис Витерспун откри дека на почетокот на кариерата била во насилна врска.
Таа не го откри името на поранешниот партнер, но сподели дека трпела психолошко и вербално насилство од него.
Актерката изјави дека откако го напуштила, ѝ било потребно многу време за да го пронајде своето вистинско јас.
„Бев професионалец во работата, но не бев доволно емоционално зрела. Па, на таа возраст можеме да влеземе во врска и воопшто да не ја воочиме динамиката.
Кога излегов од таквата врска, ми требаше многу долго време да се пронајдам себеси. Духот ми беше скршен бидејќи мислев дека сите лоши работи што ги слушав од тој партнер, беа вистина“.

Џереми Систо
Во 1990-тите, Рис беше во врска со актерот Џереми Систо.
Се запознале додека работеле на филм во 1992 година.
„Рис беше мојата прва девојка која беше актерка. Долг период имавме врска на далечина. Многу бев вљубен“, има изјавено актерот.
Тој период тие не беа многу познати, па денес се знаат малку детали за нивната врска.

Рајан Филипе
Рис и Рајан се запознале на роденденската забава на актерката во 1997 година. И, наредните неколку години за нив беа бајка – се свршија, се венчаа и добија две деца.
Но, седум години по свадбата, се појавија гласини дека Рајан ја изневерува актерката.
Иако Рајан негираше, тие сепак се разделија и го финализираа разводот во 2008-ма.
Сепак останаа блиски поради нивните деца.
