Наши и светски познати дами кои зборуваа за нивната битка со рак на дојка
- Детали
- сабота, 11 октомври 2025
Неодамна Весна Петрушевска сподели дека ќе оди на нова, четврта по ред операција. Водителката ја откри дијагнозата пред една година.

На глобално ниво, ракот на дојка е најчестиот вид рак кај жените.
Само жените кои се соочиле со оваа болест знаат колку е тешка борбата, но тоа што многумина го победиле ракот два надеж.
Кај ракот на дојка, раната детекција може да биде клучна, па затоа е и важно редовно да се прават прегледи. Токму на ова апелираат и познатите жени кои имале рак на дојка.
Дел од познатите дами кои зборуваа за своето искуство:
Џеси Џеј
Во јуни 2025-та, Џеси Џеј откри дека добила дијагноза за рак на дојка и дека направила мастектомија на едната дојка.
Пејачката отворено зборува за битката, а последно откри дека ќе треба да ѝ биде направена уште една операција кон крајот на годината.
Сепак, истакна дека оваа процедура нема да биде многу сериозна и најверојатно ќе помине без компликации.
Оливија Мун
Во март 2024-та, Оливија сподели дека веќе една година се бори со рак на дојка.
Ѝ биле направени четири операции, вклучувајќи и двојна мастектомија.
Актерката уште не е целосно излекувана, но во тешкиот период со сопругот Џон имаа и момент на среќа. Тие добија ќерка со помош на сурогат мајка.
Линда Еванџелиста
Линда ја добила дијагнозата во 2018 година и ѝ била направена двојна мастектомија.
Но, во 2022 година, ракот се вратил, овој пат на градниот мускул, па таа беше подложена на уште неколку операции, како и третмани со хемотерапија и радијација.
Иако денес моделот е во подобра здравствена состојба, таа вели дека е свесна дека нема гаранција дека нејзината битка завршила, но дека ќе продолжи да се бори, што и да се случи.
Шенон Доерти
Актерката од Charmed водеше долга битка со ракот.
Најпрво, во 2015-та, била дијагностицирана со рак на дојка, а по третманот, ракот бил во ремисија.
Сепак, во 2020-та, болеста се вратила – овој пат рак во четврти стадиум, кој се проширил и на ’рбетот.
Шенон ја споделуваше својата борба со јавноста и продолжи да води активен живот, колку што можеше.
За жал, ситуацијата ѝ се искомплицира и таа почина во јули 2024-та, на 52-годишна возраст.
Лила Филиповска
Водителката Лила Филиповска пред околу четири години беше дијагностицирана со рак на дојка и успеа да се избори со болеста.
Во неколку наврати зборуваше за нејзината битка и откри дека кај неа, карциномот бил видлив со голо око, па тоа ја натерало да оди на преглед.
Водителката сподели и дека не сака често да зборува за оваа тема, туку само одвреме-навреме да потсети колку се важни прегледите и самопрегледите.
