„Бизарно“ - Ким Кардашијан лансираше гаќички кои личат на женски полов орган со лажни интимни влакненца
- Детали
- среда, 15 октомври 2025
„Плаќам за да ги тргнам влакната, а сега некој плаќа да ги врати?!“, гласи еден од коментарите за бизарните гаќички на Ким со лажни интимни влакна.

Ким Кардашијан (44) и нејзиниот бренд за долна облека Skims влегоа на пазарот со нов производ наречен „The Ultimate Bush“ и станува збор за гаќички кои наликуваат на женски полов орган со лажни влакненца.

Компанијата Skims е позната по тоа што ги поместува границите на долната облека. Пред околу две години лансираа градници со лажни брадавици, а сега одат чекор подалеку — со гаќички со лажни влакна.

Новата линија микро танга гаќички згрози многумина, а еден коментар гласеше: „Го проверив датумот за да се уверам дека не е 1 април и некој се шегува со нас“.

Иако многумина беа скептични кон производот, кој чини 32 долари, според веб-страницата на компанијата, сите 12 дизајни со различни бои и текстури на „интимни влакна“ веќе се распродадени.
Ким уште еднаш покажа дека е кралица на провокацијата и маркетингот. Нејзиниот бренд Skims, вреден неколку милијарди долари, го лансираше веројатно најбизарниот производ досега.

„Со нашите смели нови гаќички со лажни влакна, вашиот 'тепих' може да биде во која било боја“ е слоганот на официјалната веб-страница на брендот Skims.
Тие се достапни во 12 нијанси и текстури, од прави до кадрави влакна.

Уште неколку коментари од социјалните мрежи:
„Дали се перат во машина или треба регенератор?“
„Плаќам за да ги тргнам влакната, а сега некој плаќа да ги врати?!“
„Бизарно!“




С. С. | Црнобело