Ќерката на Бијонсе ја разбранува јавноста со (несоодветен) аутфит: 13-годишната Блу Ајви е копија на мама
- Детали
- вторник, 28 октомври 2025
„Блу Ајви изгледа како да има 20-тина години. Дете е, родителите треба да се потрудат да носи соодветна облека за нејзината возраст. Фустан со деколте за 13-годишно девојче е многу погрешно“, гласи една од многуте критики насочени кон Бијонсе и Џеј Зи.

Блу Ајви, најстарата ќерка на Бијонсе и Џеј Зи, сè повеќе личи на нејзината славна мајка.
13-годишното девојче вчера (27.10) беше на добротворен бал во Менхетн, заедно со нејзината баба Тина Ноулс.
Настанот беше одржан во склоп на добротворна организација која се залага за собирање пари за истражувања за рак. Баба ѝ на Блу Ајви, пак, доби почесна награда за нејзиниот удел.
Она што привлече многу внимание на самиот настан е изгледот на 13-годишната Блу Ајви.
Со розов сатенски фустан, наметка со пердуви и коса собрана во опавче, Блу Ајви изгледа речиси идентично на мајка ѝ.
Баба ѝ Тина се појави во раскошен кадифен фустан, со висок шлиц, во комбинација со елегантни ракавици.
Иако и Блу Ајви и Тина изгледаат прекрасно, некои го критикуваат аутфитот на девојчето.
Не е првпат Бијонсе и Џеј Зи да се соочат со критики поради аутфитите на ќерка им кои, за многумина, се несоодветни за нејзина возраст.
Слични коментари има и за фустанот што го носи на балот.
„Многу погрешен извор за фустан и шминка за 13-годишно дете“.
„Блу Ајви изгледа како да има 20-тина години. Дете е, родителите треба да се потрудат да носи соодветна облека за нејзината возраст. Фустан со деколте за 13-годишно девојче е многу погрешно“.
„Има 13 години? Ми изгледа ако да е во 30-тите“.
„Сметам дека а малтретирање кога славните си ги дотеруваат децата како возрасни личности“.
Некои, пак, сметаат дека Блу е соодветно облечена и ги критикуваат оние кои го коментираат нејзиниот изглед бидејќи, сепак, има само 13 години.
Погледнете и: Блу Ајви (13) порасна во копија на мама Бијонсе – ги збуни сите со изгледот кога стигна во Париз со татко ѝ (фото)
Спирова С. | Црнобело