Го нарекуваат „вториот сопруг на Меган Маркл“ - Кој е мистериозниот маж покрај војвотката, дури и кога се Хари и децата со неа?
- Детали
- сабота, 01 ноември 2025
На папарацо фотките делува како случаен минувач покрај Меган, а всушност е еден од најважните личности во нејзиниот живот. Кој е мажот кој е постојано покрај војвотката и кога е семејството покрај неа, но и кога е без нив?

Без оглед дали оди Модната недела во Париз или на семеен викенд во Дизниленд, Меган Маркл скоро секогаш е во друштво на Маркус Андерсон, мажот кого многумина го нарекуваат „вториот сопруг на војвотката“.
Животот на Меган Маркл одамна е интригантен за јавноста, која сака да дознае што се случува со некогашната актерка.

А таа, откако отвори нов Инстаграм профил и почна да снима емисија за готвење, често споделува и приватни моменти со сопругот и децата.
Но, многу често освен семејството, покрај Меган е и мистериозен маж, кој на папарацо фотките делува како случаен минувач покрај неа, а всушност е еден од најважните личности во нејзиниот живот.
Тој се појавува и на едно од последните видеа на војвотката, каде што таа со семејство се подготвува за Ноќта на вештерките.
Во видеото Меган е на фарма, каде што резбаат тикви со принцот Хари и нивните деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет, но се придружувани од Маркус Андерсон.

Кој е мажот за кој многумина на шега велат дека е „вториот сопруг“ на војвотката?
Маркус Андерсон е најдобриот пријател на Меган и постојано е со неа.
Низ годините, таа прекина многу пријателства, се откажа од својот татко, полубрат, полусестра, најдобра пријателка и кума Џесика Малруни, Викторија Бекам... Но, Маркус Андерсон е и понатаму покрај неа.
Тој неодамна беше со Хари и Меган кога отидоа со децатаво Дизнилен, а ја придружуваше и на Модната недела во Париз.
Андерсон е директор за глобално членство во ексклузивниот клуб Soho House, кој привлекува многу ѕвезди.
Тој почнал да работи таму како келнер пред многу години, а со текот на времето стигнал до менаџерска позиција.
Маркус и Меган се дружат од времето кога двајцата живееја во Торонто, Канада, додека војвотката ја снимаше серијата Suits, а работеше и во канадската канцеларија на неговата компанија.

Не е познато како се запознале и се зближиле, но се знае дека Маркус често ѝ бил придружник на Меган на јавни настани пред таа да го запознае Хари.
Тој присуствувал на нивната свадба во 2018 година и наводно одиграл голема улога во запознавањето на кралската двојка.
„Принцот Хари го замолил Маркус да ги запознае, не да им закаже систанок, туку да создаде ситуација за тие двајца да се сретнат“, рекла експертката за кралското семејство, Кејти Никол, во документарец.
Тоа се случило во приватен простор на Soho House.

Кога Меган останала бремена, Маркус бил поканет на нејзината забава пред раѓањето на бебето, а на која вообичаено се канат само жени.
Во својот блог The Tig, кој Меган го водеше пред да се омажи за принцот, таа го опиша Маркус како „љубезен, поддржувачки и бескрајно забавен пријател“.
Иако е речиси секогаш присутен покрај неа, но и останатите членови на семејството, не сака да се појавува јавно ни да се фотографира.
„Не му е удобно да биде во центарот на вниманието. Тоа, едноставно не е негов стил“, изјавил човек што добро го познава Маркус.

А. Ј. | Црнобело