Бившиот тврди дека се дрогира и е закана за нивното дете: Како се распадна бракот на Сиа, по само 2 години?

Само две години по бајковитата венчавка, Сиа поднесе барање за развод од сопругот Даниел. Но, тој возврати со тужба во која тврди дека Сиа повторно е зависник од седативи и ја загрозува безбедноста на нивното дете. Тој бара и огромен паричен надомест од неа.

bivshiot-tvrdi-deka-se-drogira-i-e-zakana-za-nivnoto-dete-kako-se-raspadna-brakot-na-sia-po-samo-2-godini-01.jpg

Пејачката Сиа води жестока битка за старателство со нејзиниот сопруг Даниел Бернард.

Во март годинава, таа поднесе барање за развод кој уште не е финализиран, а неодамна сопругот ја обвини за злоупотреба на седативи, поради што бара целосно старателство над нивниот син.

Сопругот Даниел сметал дека поради зависноста, Сиа претставувала закана за нивното мало дете.

Како се распадна бракот на Сиа, по само две години?

Сиа одамна има проблеми со зависност од лекови и алкохолизам

49-годишната пејачка има изјавено дека како тинејџерка многу пушела марихуана, а подоцна во животот станала зависна од лекови, но и алкохол.

Во интервју откри дека станала зависна од седативи откако добила дијагноза за биполарно нарушување. Лековите ѝ ги препишал лекар, но таа почнала да ги злоупотребува.

Кога почна да се прославува, пак, вели дека станала и алкохоличар.

bivshiot-tvrdi-deka-se-drogira-i-e-zakana-za-nivnoto-dete-kako-se-raspadna-brakot-na-sia-po-samo-2-godini-04.JPG

На пејачката ѝ било тешко да се справи со славата и се чувствувала дури непријатно пред настап, па честопати се опивала пред да излезе на сцена.

Проблемот со зависност ескалирал во 2010 година, кога Сиа пробала да изврши самоубиство.

Откако нејзиниот тогашен дечко загинал во сообраќајка, Сиа страдала и од депресија.

Бидејќи ѝ се чинело дека се наоѓа во безнадежна ситуација, отишла во евтин мотел каде намерно се предозирала со лекови.

За среќа, токму тогаш ѝ се јавил пријател и успеал да ја спречи.

По инцидентот, Сиа отишла на рехабилитација и вели дека оттогаш е ослободена од зависноста.

bivshiot-tvrdi-deka-se-drogira-i-e-zakana-za-nivnoto-dete-kako-se-raspadna-brakot-na-sia-po-samo-2-godini-10.JPG

Ова ќе ѝ биде втор развод

Од 2014 до 2016 година, Сиа беше во брак со Ерик Андерс Ланг.

Кога се разделуваа, и двајцата соопштија дека нема да коментираат ништо за разводот, освен дека ќе останат пријатели.

Пред година-две, Сиа можеби првпат го спомна разводот:

„Тоа беше многу мрачен период за мене и три години не станав од кревет. Бев многу, многу депресивна. Не можев да правам ништо“.

bivshiot-tvrdi-deka-se-drogira-i-e-zakana-za-nivnoto-dete-kako-se-raspadna-brakot-na-sia-po-samo-2-godini-05.JPG

Првпат го покажа вториот сопруг во 2021 година

Во 2020-та, Сиа изјави дека цел живот ќе остане сингл, но набрзо потоа почнала да се гледа со Даниел Бернард.

Таа ја потврди врската во 2021-ва, кога заедно се појавија на премиерата на West Side Story.

Но, тогаш и двајцата беа со маски, па неговиот идентитет не беше познат.

Подоцна се дозна дека Даниел е извршен директор на клиника за интегративна медицина (комбинација од класична и алтернативна медицина).

bivshiot-tvrdi-deka-se-drogira-i-e-zakana-za-nivnoto-dete-kako-se-raspadna-brakot-na-sia-po-samo-2-godini-03.JPG

Се венчаа во 2023-та

Во 2023 година, Сиа и Даниел се венчаа со интимна церемонија во Портофино, Италија.

На венчавката имаше само четири гости.

Тие се венчаа на истото место како Кортни Кардашијан и Тревис Баркер.

bivshiot-tvrdi-deka-se-drogira-i-e-zakana-za-nivnoto-dete-kako-se-raspadna-brakot-na-sia-po-samo-2-godini-11.JPG

Заедно имаат едно дете

Сиа и Даниел го добија синот Суми во март 2024 година.

Претходно, пејачката откри дека отсекогаш сакала да биде мајка, а пробувала да забремени и со првиот сопруг, но безуспешно.

Сиа има уште две деца – ги посвои во 2019 година, бидејќи биле тинејџери и наскоро требало да го напуштат сиропиталиштето.

bivshiot-tvrdi-deka-se-drogira-i-e-zakana-za-nivnoto-dete-kako-se-raspadna-brakot-na-sia-po-samo-2-godini-02.JPG

Сиа поднесе барање за развод во март 2025-та

Сиа и Даниел не откриваа многу детали за приватниот живот, но по бајковитата свадба, сите веруваа дека и бракот им е волшебен.

Па, беше изненадување кога во март годинава Сиа поднесе барање за развод.

За причина навела „ненадминливи разлики“, а истовремено побарала целосно старателство над синот.

Сакала сопругот да има дозвола да го посетува синот, но нагласила дека не сака да му дава пари на Даниел.

bivshiot-tvrdi-deka-se-drogira-i-e-zakana-za-nivnoto-dete-kako-se-raspadna-brakot-na-sia-po-samo-2-godini-07.JPG

Разводот брзо се претвори во вистинска бура

Сега Даниел поднесе тужба против Сиа, обвинувајќи ја дека уште е зависник и дека претставува закана за нивното дете.

Тој побарал целосно старателство над синот, како и алиментација од околу 77.000 долари месечно.

Даниел тврди дека минатиот месец Сиа била хоспитализирана, а дека тестовите покажале дека пиела седативи, како и порано.

Поради ова, тој побарал на Сиа да ѝ се прават ненајавени тестови за дрога трипати месечно, како и по еден тест секоја недела.

bivshiot-tvrdi-deka-se-drogira-i-e-zakana-za-nivnoto-dete-kako-se-raspadna-brakot-na-sia-po-samo-2-godini-09.JPG

Сепак, Сиа негира и вели дека Даниел е тој чиј животен стил не бил соодветен за родител.

„Моето закрепнување (од зависноста) е едно од моите најголеми достигнувања и една од главните причини зошто одлучив да се разведам од Даниел.

Постојаното излегување на Даниел и неговото користење дрога за рекреација не е погодна и здрава околина за нашето дете“.

Пејачката вели и дека се согласила да се тестира, но Даниел бил тој кој не сакал бидејќи самиот понекогаш користел дрога.

Додава и дека Даниел нема никакви докази дека таа повторно е зависник и вели дека тој само го злоупотребува нејзиниот проблем од минатото.

За крај, Сиа смета дека Даниел сака да ја искористи целата ситуација за финансиска добивка.

Според последните информации, барањето за целосно старателство на Даниел било одбиено.

Прочитајте и: Дечко ѝ загинал во сообраќајка, пробала да се самоубие: Трагичниот живот на Сиа

bivshiot-tvrdi-deka-se-drogira-i-e-zakana-za-nivnoto-dete-kako-se-raspadna-brakot-na-sia-po-samo-2-godini-08.JPG

Спирова С. |  Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Шон Пен сакал да го избрка синот зависник од дома: Проклетството што ги следи децата на холивудските... Синот на актерката Фара Фосет наследи 4,5 милиони долари по нејзината смрт. И, у...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Луисана Лопилато наполни 39 години и испрати моќна порака: „Грешев, плачев, се пронаоѓав – и во најт... Неодамна прослави 15 години со саканиот, со кого има 4 деца, од кои едното на 3 ...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...

Најчитани неделава