Само еднаш бил во брак, близок е со сите бивши: Докази дека Бредли Купер е „безнадежен романтичар“
Суки Вотерхаус
Бредли Купер и Суки Вотерхаус ја почнаа врската во 2013 година, но главно пробуваа да се скријат од јавност.
Дури една година подоцна заедно се појавија на доделување на награди.
Раскинаа во 2015-та, но, како и со секоја бивша, Бредли е во добар однос со неа.
Впрочем, по раскинувањето, тие неколкупати беа забележани заедно на ручек.
Ирина Шајк
Не е познато кога точно ја почнале врската, бидејќи и Бредли и Ирина добиваа да зборуваат за тоа. Но, првите гласини се појавија во 2015 година.
Во 2017-та, тие ја добија ќерката Леа, но не сакаа да се венчаат.
Се разделија во 2019-та, по четири години заедно, но за ќерка им останаа во мошне добри односи.
„За Леа, постојано минуваат време заедно, како семејство. Бредли е одличен татко, Отсекогаш се грижел за ќерка му“, сподели извор близок до парот.
По разделбата, Бредли и Ирина честопати се забележувани заедно со ќерка им.
Хума Абедин
Бредли ја запознал Хума на Мет галата во 2022 година, и тоа преку Ана Винтур.
Иако не ја потврдија врската, извори блиски до актерот тврдеа дека се пар.
„Излегуваат, но уште не е нешто сериозно. Нивната врска е во рана фаза. Бредли е фасциниран од неа. Хума е многу успешна и има направено многу“.
Во 2022 година, Бредли и Хума наводно се разделиле бидејќи се претпоставува дека со Ирина пробале да ѝ дадат уште една шанса на врската.
Џиџи Хадид
Од 2023 година, Бредли е во врска со моделот Џиџи Хадид.
На почетокот не ги коментираа гласините, но наводно веднаш се вљубиле еден во друг.
Бидејќи и двајцата имаат деца и успешни кариери, им се допаѓало што се разбираат, а и Џиџи и Бредли сакале нешто сериозно.
Па, заедно се веќе две години и изгледаат навистина среќно.
Спирова С. | Црнобело
