Како навистина изгледа „новото“ лице на Крис Џенер, без Фотошоп и филтри?
- Детали
- понеделник, 10 ноември 2025
70-годишната Крис Џенер изгледа многу помладо благодарение на фејслифтингот што го направи годинава. Но, додека на нејзините објави делува како лицето да ѝ е совршено мазно, на фотки од настани се гледа дека сепак има по некоја брчка. А, некои коментираат дека изгледа многу подобро без филтрите што ги користи на Инстаграм.

Процедурата што Крис Џенер ја направив годинава ја подмлади за можеби две децении.
Оттогаш, 70-годишната ријалити ѕвезда постојано споделува фотки со „новото“ лице, а фановите коментираат дека изгледа како да е на иста возраст со нејзините ќерки.
Крис, пак, не крие дека е пресреќна до резултатот и вели дека ова за неа е „грациозно стареење“.
„Одлучив да го направам фејслифтингот бидејќи сакав да бидам најдобрата верзија од мене и тоа ме прави среќна. Само затоа што стареете, не значи дека треба да се откажете од себе…
Ако се чувствувате удобно во своја кожа и сакате да стареете грациозно – без да правите корекции – тогаш немојте да правите. Но, за мене, ова е грациозно стареење“.
Иако Крис изгледа многу добро, факт е дека фотките што ги споделува сама се со филтри и се уредувани, додека оние од настани се направени од поголема далечина.
Односно, во живо, Крис сепак не изгледа како жена во своите 40-ти, иако делува многу помладо.
Нејзиниот „вистински“ изглед првпат дојде до израз во октомври, кога Крис присуствуваше на премиерата на серијата All’s Fair во која глуми ќерка ѝ Ким Кардашијан.
Во жолт фустан со црн колан, црни хулахопки и ракавици, Крис изгледаше мошне елегантно.
Но, на дел од фотките на црвениот тепих се гледа дека и таа сепак има брчки.
Потоа, Крис беше на забавата по повод десетата годишнина од основањето на брендот на ќерка ѝ Кајли.
За овој настан, Крис избра црн аутфит, а позираше и со црни очила за сонце.
Но, на некои фотки сепак се познава дека лицето не ѝ е толку совршено како на нејзините Инстаграм објави.
За овие фотки, некои коментираат дека е смешно што по толку сериозна процедура, Крис повторно користи филтри.
Други, пак, сметаат дека изгледа многу подобро без филтрите.
Спирова С. | Црнобело