Крис Џенер прослави 70-ти роденден со гламурозна забава: Соседите викнале полиција, се појавија Меган и Хари (фото)
- Детали
- понеделник, 10 ноември 2025
На тематската роденденска забава на Крис Џенер присуствувале над 300 гости, а прославата се одржи во куќата на Џеф Безос и Лорен Санчез. Поради гласната музика, пак, соседите неколкупати викнале полиција.

Викендов, најголемиот настан од светот на шоу-бизнисот беше роденденската прослава на Крис Џенер.
Крис го прослави 70-тиот роденден со тематска забава која се одржа во куќата на Џеф Безос и Лорен Санчез на Беверли Хилс.
Темата на забавата беше инспирирана од најпознатиот таен агент – Џејмс Бонд – а меѓу гостите беа дел од најголемите ѕвезди.
За својот посебен ден, Крис носеше долг црвен фустан со тантела и црни ракавици, додека нејзиниот партнер Кори Гембл носеше елегантен костум.
Жените на забавата беа облечени во гламурозни фустани, налик таканаречените „Бонд девојки“, додека мажите се држеа до омилената комбинација на познатиот агент – костум.
Покрај семејството на Крис, ријалити ѕвездата поканила околу 300 гости, вклучувајќи ги Опра Винфри, Мараја Кери, Марк Закерберг, Адел, па и принцот Хари и Меган Маркл.
Бруно Марс бил задолжен да ги забавува гостите.