Знаци дека бракот на Селена Гомез и Бени Бланко нема да трае, според фановите на пејачката
Некои сметаат дека премногу брзаат
Нема правила кога е во прашање љубовта и секој пар се движи со свое темпо. Но, фановите на пејачката имаат замерка и за тоа и сметаат дека сепак брзаат.
Околу една година откако ја почнаа врската, Бени и Селена се свршија, а неодамна и стапија во брак.
И, некои фанови се сигурни дека премногу брзаат со важните животни одлуки и дека можеби ова ќе им го осуди бракот на пропаст.
Бени, пак, има изјавено дека од почетокот знаел дека целиот живот ќе го помине со Селена.
„Знаев уште откако го споделивме првиот бакнеж. Си реков дека веројатно ќе се венчам со неа“.
Бени ѝ приреди бизарно изненадување за Денот на вљубените
Во 2025 година, Бени Бланко се пофали дека наполнил цела када со „начо дип“ за чипс за да ја изненади Селена за Денот на вљубените.
„Кога свршеницата не е девојка која сака цвеќе“, стои во описот на Инстаграм објавата.
Додека некои велеа дека Бени има добра смисла за хумор, повеќето го критикуваа.
„Среќна сум што Селена најде вистинска љубов, но ова е грозно“, гласи еден од коментарите.
Некои коментираат и дека со „романтичниот“ гест Бени само фрлал храна, а некои изразија сочувство за оној што ќе треба да ја чисти кадата.
Некои го сметаат Бени за „антипатичен“
Убавината е субјективна и генерално не е во ред да се коментира туѓиот изглед.
Сепак, фановите на Селена не го кријат мислењето дека Бени не е доволно атрактивен за неа.
Други, пак, велат дека им делува како антипатична личност и дека кога-тогаш и Селена ќе го согледа тоа.
Спирова С. | Црнобело
