Панично бришат фотки, не коментираат: Зошто Меган и Хари кријат дека беа на забавата на Крис Џенер?
- Детали
- среда, 12 ноември 2025
По критиките од јавноста, но и соработници на кралското семејство, Меган Маркл и принцот Хари како да пробуваат да ги скријат „доказите“ дека биле на роденденската забава на Крис Џенер. Фотките со нив се избришани од Инстаграм и наводно пробувале да си ја спасат репутацијата по којзнае кој пат.

Меѓу присутните на роденденската забава на Крис Џенер беа Меган Маркл и принцот Хари.
Како и за многу други работи што ги направиле периодов, Меган и Хари беа критикувани, најмногу од Британците, а целата драма се засили откако Ким Кардашијан и Крис Џенер ги избришаа фотките со нив.
Периодов се шпекулира дека на Меган и Хари не им оди најдобро. Па, наводно, Хари размислувал и да го подобри односот со татко му Чарлс и брат му Вилијам, со надеж дека ќе биде примен назад во семејството.
Но, според извор кој работи со кралското семејство, нивото присуство на забавата покажувало „зошто кралското семејство не треба да им прости“.
„Ова покажува зошто Хари е толку оддалечен од остатокот од семејството.
Овие луѓе можеби се ѕвезди во Америка, но фалењето со раскош и луксуз е целосна спротивност на она што принцот Вилијам пробува да го направи со неговиот живот и монархијата“.
Не е тајна дека Меган и Хари пробуваат да влезат во кругот на славните и богатите во Холивуд, а некои извори велат дека Меган го правела токму тоа на забавата.
„Дефинитивно бараше нови контакти и познаници. Разговараше со многу моќни играчи“, вели извор за Page Six.
На роденденот навистина присуствуваа некои од најмоќните луѓе на планетата, како Марк Закерберг и Бил Гејтс, додека самата прослава се одржа во домот на Џеф Безос.
Сепак, според јавноста, ова е очаен обид на Меган и Хари да се вмешаат во средина каде што скоро никој не ги прифаќа.
Откако се засилија критиките за нивното присуство на забавата, Ким Кардашијан реши да ги избрише фотките со Меган и Хари. И Крис Џенер ги отстрани сите фотки од Меган и Хари.
На една од избришаните фотографии се гледаат како Ким и Меган позираат, додека Хари разговара зад нив.
На друга фотографија се гледаат Крис Џенер и Меган. Избришана е и фотографија на која Меган зборува со директорот на Нетфликс, Рид Хастингс.
Засега останува мистерија зошто Ким и Крис ги избришале фотографиите, но јавноста има неколку претпоставки.
Некои веруваат дека Меган и Хари побарале да се избришат фотографиите, со надеж дека ќе го подобрат односот со кралското семејство и ќе си ја спасат репутацијата.
„Не верувам Ким да ги избришала фотографиите без да биде натерана“.
„Ако навистина им било срам, не требало да одат“.
„Хари и Меган сакаат фотките да бидат избришани, Адел си го крие лицето, Бијонсе и Џеј Зи влегле скришно – мислам дека сите се загрижени дека присуството на забавата прави да изгледаат лошо“.
„Не ми е јасно што мислат дека ќе постигнат со бришењето. Ги има на интернет и со оваа привлекоа повеќе внимание“.
Засега Меган и Хари се немаат огласено за целата ситуација, а ни кралското семејство не го коментира нивното присуство.
За потсетување, Крис Џенер ја организираше забавата по повод нејзиниот 70-ти роденден.
Темата беше инспирирана од фиктивниот таен агент Џејмс Бонд, а меѓу гостите беа некои од најпознатите и најбогатите луѓе на планетата.
Погледнете и: Крис Џенер прослави 70-ти роденден со гламурозна забава: Соседите викнале полиција, се појавија Меган и Хари (фото)
Спирова С. | Црнобело