Славни дами кои блеснаа по разводот и сега се посреќни од кога било
- Детали
- недела, 16 ноември 2025
Жизел Бундшен почна нов живот по разводот од Том Брејди – веќе има нов партнер, со кого има и дете.

Без разлика колку луѓето се обидуваат да ги спасат, некои бракови, едноставно, не функционираат.
А, по долг период во токсичен брак, разводот може да изгледа како вистинско освежување.
Славни дами кои како одново да се родија по нивниот развод:
Жизел Бундшен
Цели 13 години, Жизел беше во навидум среќен брак со Том Брејди, а заедно добија и две деца.
Но, во 2022 година решија да се разведат, бидејќи имале разни желби и планови за иднината.
„Разводот беше како смрт и одново раѓање. Тешко е бидејќи си замислувавме дека животот ќе се одвива на одреден начин и правиме сè во наша моќ.
Како дете верував во бајки. Мислам дека убаво е да се верува“, сподели Жизел за разделбата.
Кратко по разводот, Жизел почна врска со нејзиниот инструктор по боречки вештини, а со него доби и дете.
Оттогаш се држи настрана од јавност, но вели дека никогаш не била посреќна и позадоволна.
„Тивка сум бидејќи сум зафатена со тоа да си го живеам животот. Некогаш, најубавите моменти не се споделени со другите, туку само ги искусуваме“, сподели моделот на Инстаграм.
Кортни Кардашијан
Врската на Кортни Кардашијан и Скот Дисик беше будно следена од јавноста поради реалното шоу на Кардашијанс.
Низ годините имаа многу проблеми, за во 2015 година, Кортни да одлучи да стави крај.
Иако тие не беа во брак, заедно имаат три деца и нивната врска секако дека беше сериозна.
Но, по разделбата, додека Скот се надеваше дека ќе ја врати Кортни, таа почна да излегува со Тревис Баркер и сега е пресреќна со него.
Кортни се венча со тапанарот во 2022 година, а според објавите на Инстаграм, јасно е дека е многу посреќна отколку кога беше со Скот. Со Тревис, таа доби и дете.
Адел
Адел се разведе од Сајмон Конеки во 2021 година, а пејачката посвети и цел албум на разделбата.
Од бракот добија дете, а Адел призна дека се чувствувала засрамено бидејќи се развеле.
„Беше заморно да пробуваме да го спасиме бракот. Но, се чувствувам засрамено…“
Но, пејачката вели дека болката ѝ помогнала да стане посилна и подобра верзија од себе.
„Си помислив дека ако можам да го зајакнам моето тело, тогаш можеби и емоциите и умот ќе ми станат посилни. Имаше многу медитација, многу терапија, многу мигови насамо“.
Денес Адел изгледа многу подобро и, поважно, се чувствува многу посреќно.
Во 2024-та потврди дека се свршила со новиот партнер, Рич Пол, иако не откриваат дали и се венчале.
