Некои бивши го ценат, други го оставиле поради скиентологијата: Дали на Том Круз му е судено да биде „вечен ерген“?
Никол избегнува да зборува за децата, но ги спомна во интервју пред неколку години.
„И двајцата се возрасни. Способни се сами да одлучуваат за себе. Одлучија да станат скиентолози, а мене, како мајка, задачата ми е да ги сакам“.
Во неколку интервјуа го има спомнато и болниот развод.
„Мислев дека нашиот живот е совршен. Ми требаше многу време да закрепнам. Бевме во меур, само ние двајцата. Станавме многу зависни еден од друг. Лудо се вљубив во него“.
Потоа, откако го финализира разводот со Никол, Том почна врска со Пенелопе Круз.
Се разделија во 2004-та, но овој пат црквата на Том веројатно немала удел. А, и Пенелопе има само добри зборови за него.
„Ќе се чувствувам лошо ако не признаам дека сум благодарна на скиентологијата бидејќи научив многу за неа.
Том е прекрасна личност и јас сум блиска со целото негово семејство и неговите деца“.
Во 2005 година, Том ја почна можеби најпознатата врска – со Кејти Холмс.
Следната година тие ја добија ќерката Сури, а неколку месеци подоцна се венчаа со скиентолошка церемонија.
Но, за оваа разделба скиентологијата дефинитивно беше главна причина – Кејти поднесе барање за развод во 2012-та, со цел да ја заштити ќерка си.
За овој развод се огласи и лидерот на црквата, Дејвид Мискевиџ.
Тој откри дека доколку Кејт не сака да стане дел од црквата, а ќерка ѝ Сури ја прифати религијата, тогаш ќе ја изгуби.
На членовите на црквата им е забрането да контактираат со луѓе кои ја негираат нивната вера.
„Кејти не сакаше да се случи ова, па си замина“.
Тој сподели и дека пред да се разделат, член на црквата се вселил во домот на Кејт и Том.
Причината била тоа што Том е нивниот најценет член, па сакале да се осигурат дека луѓето околу него добро се грижат за него.
„Ова не ѝ се допадна на Кејти и, секако, имаше влијание врз нивниот брак. Таа и Том имаа многу различни ставови за тоа како треба да го живеат животот.
Најголем проблем беше тоа дали Сури да стане скиентолог. Ако тоа се случеше, тогаш во иднина таа ќе требаше да прекине контакт со Кејти“.
На крај, Кејти доби целосно старателството над ќерката, а Том ја нема видено од 2013 година.
По разводот од Кејти, Том не се венчал, но го поврзуваа со низа славни жени, како Шакира.
Последно актерот беше во врска со Ана де Армас, но неодамна се разделиле од непознати причини.
Спирова С. | Црнобело