Си го киднапирала синот, првиот сопруг ја оставил без пари: Семејните драми на Шер се како од сапуница
Син ѝ Илајџа има сериозни проблеми со зависност од дрога
Помалиот син на Шер, Илајџа, имал само 11 години кога почнал да користи дрога, а извесен период тврдеше дека бил „чист“.
„Почнав да користам дрога на околу 11-годишна возраст. Сите го правеа тоа. Барав бегство од моето минато и тогаш се свртев кон дрога, знаете, хероин и опијати“, сподели Илајџа во периодот кога тврдеше дека е чист.
Пред година-две, и Шер прозборе за неговата зависност.
„Моите проблеми не се поразлични од проблемите на милиони луѓе во САД. Јас сум мајка. Ова е мојата задача – како било, да им помогнам на моите деца.
Би направиле сè за нашите деца. Им помагаме кога можеме бидејќи тоа значи да се биде мајка“.
Наводно, пробала да го киднапира синот Илајџа
Проблемите со дрога на Илајџа очигледно се вратиле, па наводно Шер морала да оди до екстреми.
Во 2023 година, нејзината снаа (сопругата на Илајџа) ја обвини дека Шер пробала да го киднапира.
Според изјавата на снаата, инцидентот се случил во 2022 година, кога таа и Илајџа биле во хотелска соба. Одеднаш внатре влегле четворица мажи кои присилно го изнеле надвор.
„Не ми беше дозволено да го видам или да зборувам со Илајџа, кој моментално е затворен на клиника чија локација не ми е позната.
Ги разбирам напорите на неговото семејство да се осигурат дека е добро, но и јас го сакам само најдоброто за мојот сопругот“.
Сопругата на Илајџа бараше да го добие неговиот здравствен картон и бараше од Шер да ѝ каже каде е затворен.
Наводно, кога Илајџа бил „киднапиран“, биле одземени и предмети што ѝ припаѓале на снаата.
Уметнички дела, нејзиниот автомобил и уште низа лични предмети наводно биле однесени во куќата на Шер и таа немал пристап до нив.
Шер, од друга страна, само сподели дека она што го кажува снаата е лага и одбиваше да даде дополнителен коментар.
Дечко ѝ е 40 години помлад од неа
Во 2022 година, Шер почна врска со маж кој е 40 години помлад од неа.
Краток период беа разделени, но ѝ дадоа уште една шанса на врската и оттогаш Шер вели дека се мошне среќни
„Не сакам да зборувам за тоа колку сум среќна, но заедно ни е одлично. Можеме да зборуваме за музика. Можеме да зборуваме за сè.
Има одлична смисла за хумор и син му е пресладок. Се разбираме еден со друг“, сподели пејачката.
Пробува да добие легално старателство над синот Илајџа
Кон крајот на 2023 година, Шер поднела барање да стане легален старател на синот Илајџа бидејќи тој „не е во можност да управува со финансиските ресурси поради сериозни проблеми со менталното здравје и злоупотреба на супстанции“.
Имено, пејачката стравувала дека парите што Илајџа ќе ги добие од татко му ќе бидат потрошени на дрога.
Шер сметала и дека неговата сопруга не може да се грижи за него бидејќи и самата имала исти проблеми како Илајџа.
Барањето на Шер беше одбиено наводно бидејќи син ѝ почнал да си го средува животот – добро управувал со своите пари, купил стан и неколку тестови за дрога покажале дека е чист.
Кон средината на 2024 година, Шер и Илајџа имале средба со медијатор и направиле спогодба – засега таа да го повлече барањето за легално старателство.
Спирова С. | Црнобело
