Џеј Ло се пофали дека е домаќинка - готви за Денот на благодарноста, со чепкалка проверува дали е печена тортата
- Детали
- петок, 28 ноември 2025
„Ова се некои од моите омилени работи... Среќен Ден на благодарноста за сите, се надевам дека имате убав ден“ - напиша таа, додека позира со полнетата мисирка, традиционално јадење за празникот.

Американците вчера (27.11) го славеа Денот на благодарноста, еден од најголемите празници во земјата.
Тоа е време кога семејствата се собираат на свечена вечера, со мисирка, пита од тиква, бројни специјалитети.

Традицијата ја испочитува и Џенифер Лопез, која оваа година покажа дека е вистинска домаќинка и дека „ја бива“ во кујна.
Таа на Инстаграм објави неколку фотографии како помага околу вечерата, со чепкалка заедно со ќерката проверува дали е тортата печена, а објави и фотка на која чепкалката ѝ е во устата, па ги насмеа следбениците.

Многумина забележаа дека кујната е уредена во рустичен стил и потсетува на кујните и старинските шпорети на дрва од минатиот век.
„Ова се некои од моите омилени работи... Среќен Ден на благодарноста за сите, се надевам дека имате убав ден“ - напиша таа.

Иако се вклучи во готвењето, Џенифер сепак имаше совршена шминка, фризура и свилен фустан.
Таа откри и дека ја накитиле новогодишната елка.

Погледнете ги фотографиите:





А. Ј. | Црнобело
