Сестрата на Мајкл Џексон преслаба, откако сподели видеа од болница – уште ги негира пластичните операции
Додека целото семејство го поддржуваше Мајкл Џексон кога се соочи со обвиненија за педофилија, Ла Тоја застана против него.
Таа тврдеше дека сите обвиненија се точни, па дури и дека ги видела парите што им биле исплатени на наводните жртви за да молчат.
„Ако молчев, тоа значи дека ќе ја чувствувам вината и срамот што овие деца го чувствуваа и мислам дека тоа е погрешно.
Размислете и кажете ми зошто возрасен маж би поминал 30 денови со мало дете? Го сакам брат ми но ова е погрешно. Не сакам тие деца да бидат повредени“.
Многу години подоцна, Ла Тоја тврдеше дека била присилена да дава вакви изјави од нејзиниот тогашен сопруг.
Таа зборуваше и за тоа дека самата била жртва за сексуално насилство од страна на татко ѝ.
„Првпат зборувам за ова и не сакав да зборувам, но мислам дека е тажно бидејќи и јас самата сум жртва и знам како е. И јас бев повредена. Татко ми сексуално ме малтретираше…
Овие деца ќе бидат истрауматизирани цел живот. Го сакам Мајкл многу, но жал ми е за овие деца бидејќи повеќе немаат живот“.
Мајкл Џексон ги негираше обвиненијата против него, а на крај беше и ослободен.
Наводно, немало доволно докази, а самите жртви давале неповрзани и некоординирани сведоштва. Па, голем дел од јавноста веруваше дека целото судење е со цел да се изнудат пари од пејачот.
Откако Ла Тоја се разведе од тогашниот сопруг, почна да го подобрува односот со семејството, вклучително и со Мајкл.
Според некои извори, ноќта кога Мајкл почина, Ла Тоја била првата која пристигнала во болница.
И покрај контроверзиите низ годините, по смртта на Мајкл, Ла Тоја честопати јавно ја искажувала поддршката кон децата на пејачот и се труди да го зачува неговото сеќавање.
Што се однесува до нејзините приватни проблеми, уште не открив ништо за здравствената состојба.
Низ годините пак, нејзиниот изглед драстично се промени и иако негира дека направила нешто, бројните пластични операции се очигледни.
Ла Тоја не признава, но експертите сметаат дека има направено неколку операции на носот, има импланти на образите, а веројатно редовно прави и процедури со филери, ботокс и слично.
Изгледа како да ги има зголемено градите, а на некои појавувања, и нејзината кожа изгледа посветло.
Спирова С. | Црнобело
