Сестрата на Мајкл Џексон преслаба, откако сподели видеа од болница – уште ги негира пластичните операции
- Детали
- вторник, 02 декември 2025
На новите фотки, сестрата на Мајкл Џексон изгледа преслабо, а пред неполн месец сподели дека била во болница. Иако го има истиот талент како брат ѝ, Ла Тоја повеќе внимание привлекува со пластичните операции, но и влошениот однос што го имаше со Мајкл – го нарекуваше и педофил.

Сестрата на Мајкл Џексон, Ла Тоја, е пејачка, исто како и покојниот музичар и сите од нејзиното семејство.
Но, во последно време, 69-годишната Ла Тоја привлекува многу повеќе внимание со нејзиниот изглед и здравствената состојба.
Неодамна, на Инстаграм таа сподели видео кое е компилација од неколку фотки од неа, а првото нешто што го забележаа нејзините следбеници е дека изгледа многу послабо од вообичаено.
На почетокот од ноември, таа сподели и неколку видеа од лекарска ординација, па се шпекулира дека има сериозни проблеми со здравјето.
„Повторно сум на лекар, па се надевам дека сè ќе биде во ред, резултатите се добри и се надевам дека имате одличен ден“, вели пејачката во едната објава.
Само неколку денови подоцна, сподели слично видео:
„Погодете каде сум ова понеделничко утро. Погодивте, повторно сум на истото место. Постојано правам прегледи“.
Во коментари на новата објава, многумина изразуваат загриженост за нејзината состојба, а повеќето ѝ посакуваат брзо закрепнување.
Дел од следбениците и ја бранат.
„Се надевам дека наскоро ќе ти биде подобро“.
„Сестра ѝ Џенет Џексон треба да ѝ помогне“.
„Ла Тоја отсекогаш била слаба, нормално е да загуби мускулна маса со возраста“.
„Ве молам не ја критикувајте за изгледот, мислам дека има некои проблеми со здравјето“.
Иако Ла Тоја не го постигна истиот успех како брат ѝ, факт е дека е мошне талентирана и има издадено дури 11 студиски албуми.
Сепак, додека брат ѝ беше жив, во фокус повеќе беше нивниот нарушен однос.
