Актерката Тара Рид за морничавото видео на кое губи свест: „Ми подметнаа дрога, не бев пијана – не се сеќавам на ништо“

akterkata-tara-rid-za-mornichavoto-video-na-koe-gubi-svest-mi-podmetnaa-droga-ne-bev-pijana-ne-se-sekjavam-na-nishto-02.JPG

Сепак, целиот случај доби нов пресврт кога полицијата од Чикаго сподели дека нема докази што ја потврдуваат теоријата на Тара.

Тие ги провериле безбедносните снимки од барот и не забележале дека некој ѝ ставил нешто во пијалакот.

„Снимките од безбедносните камери ја покажаа Тара во барот. Во ниту еден момент од видеото не се гледа дека некој ѝ става нешто во пијалакот.

Можеме да потврдиме и дека барменот го покри нејзиниот пијалак кога таа го напушти барот – нешто што е нормално за бармените“.

akterkata-tara-rid-za-mornichavoto-video-na-koe-gubi-svest-mi-podmetnaa-droga-ne-bev-pijana-ne-se-sekjavam-na-nishto-10.JPG

Сепак, од полицијата истакнуваат дека уште ги чекаат резултатите од тестовите на Тара.

„Засега не можеме да потврдиме какви тестирања биле направени во болницата. Соработуваме со Тара Рид за да ги добиеме резултатите кои и таа уште ги нема добиено.

Штом ќе ги добиеме резултатите или повеќе информации, нашите детективи ќе ги следат трагите“.

akterkata-tara-rid-za-mornichavoto-video-na-koe-gubi-svest-mi-podmetnaa-droga-ne-bev-pijana-ne-se-sekjavam-na-nishto-08.JPG

Од полицијата се децидни дека не станува збор за никакво криминално дело, но ова ја разгневи Тара.

Актерката вели дека не ѝ верува на полицијата и дека не е самата одговорна за она што ѝ се случи.

„Никој не завршува во болница, осум часа без свест, со само еден пијалак. Последното нешто што го помнам е како испив една пијачка и се разбудив во болница следниот ден.

Ова е најстрашното чувство што сум го почувствувала. Се чувствував беспомошно. Ова беше застрашувачко искуство што лошо се одразува врз моето ментално здравје.

Не можам да спијам бидејќи не знам што ми се случи. Верувам дека бев издрогирана. Нешто ми се случи“, изјави актерката за Page Six.

Сепак, за јавноста целата ситуација е малку чудна, најмногу пора историјата со зависност на Тара.

akterkata-tara-rid-za-mornichavoto-video-na-koe-gubi-svest-mi-podmetnaa-droga-ne-bev-pijana-ne-se-sekjavam-na-nishto-11.JPG

Во 2008 година актерката беше на рехабилитација. Не е познато со каква зависност се справуваше, но наводно страдала од алкохолизам, а можно е да имала и проблеми со дрога.

„Рехабилитацијата ми го спаси животот. Пред тоа го мразев секој нов ден. Но, сега едвај го чекам бидејќи сум чиста и трезна“.

Неодамна, Тара се раздели со нејзиниот дечко, па некои сметаат дека ова можеби има удел во инцидентот.

Но, Тара вели дека одлуката да стави крај на врската по шест години била најдоброто нешто што го направила за себе.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Федерер ја возвишува сопругата Мирка: „Одам со неа на шопинг и по 10 часа и правам сè што ќе посака ... „Кога сме на одмор, правам сè што таа ќе посака. Ако сака да оди 10 часа на шопи...
Како Ен Хетавеј стана „најомразената жена во Холивуд“? „Проблемот со Ен е тоа што ако ѝ се доаѓате, тогаш е супер. Ако не ѝ се допаѓате...
„Таа е магионичар, блескам заради неа“ – Ева Лонгорија (50) за српската докторка во Дубаи која ја од... „Кога одам кај неа, излегувам здрава и блескава“ – вели Ева Лонгорија за српскат...

Најчитани неделава