Му забраниле да служи војска, почина на само 32 години: Тажни детали од животот на Брус Ли
- Детали
- недела, 14 декември 2025
Неколкупати ја запросил првата девојка, но таа го одбила, а почина на 32-годишна возраст, само неколку недели пред премиерата на неговиот најпознат филм.

Брус Ли е личноста поради која кинеските (и азиските) филмови со боречки вештини станаа хит во целиот свет.
Сигурно и вие сте изгледале некој негов филм, или барем низ сон се сеќавате на некоја сцена што сте ја виделе на телевизија.
До 1970-тите, Брус Ли важеше за еден од најпознатите актери ширум светот, а остави наследство кое е релевантно до денес.
Актерот почнал да тренира кунг фу на само 13-годишна возраст, а паралелно со актерската кариера, и самиот обучуваше други луѓе.
И, можеби ќе бил уште поуспешен ако не починеше на само 32-годишна возраст.
Покрај култните филмови, Брус ли останува запомнет и по неговите животни мудрости од кои дел се споделуваат до денес.
Иако многу деца сонувале да бидат како него, приватниот живот на Брус Ли бил далеку од идеален.
Дел од најтажните моменти од животот на Брус Ли:
Бил жртва на булинг
Иако е роден во Сан Франциско, Брус Ли го поминал детството во Хонгконг.
Неговиот татко бил оперски пејач и актер, па на семејството на Брус Ли не им недостасувале пари.
Но, во детството, тој се соочувал со друг проблеми.
Во училиштето на актерот имало многу ученици од САД, а тој честопати им бил на мета.
Но, борбен уште од рана возраст, ретко кога премолчувал, па си создавал и други проблеми кога се тепал.
Гневен поради неправдата што ја чувства, актерот има изјавено дека некогаш и самиот барал неволји.
Како што откри, поради тепачка решил дека треба да почне да учи боречки вештини.
Поради сестра му целиот живот се плашел од вода
Брус Ли честопати имал конфликти со сестра му, а за време на еден инцидент со неа, таа му ја држела главата под вода.
Овој инцидент бил толку трауматичен за него, што никогаш не научил да плива.
И сестра му има зборувано за инцидентот:
„Почнавме да се задеваме додека си игравме во водата. Му ја држев главата под вода и мислам дека се напи многу вода. Потоа ме удри и почна да ме брка“.
Сестра му има откриено и дека тој никогаш не научил да вози велосипед, но веројатно бидејќи повеќе сакал да се фокусира на боречките вештини.