Му забраниле да служи војска, почина на само 32 години: Тажни детали од животот на Брус Ли
Не му дозволиле да служи војска
Кога ќе се земат предвид силата и издржливоста на Брус Ли, звучи чудно кога ќе слушнете дека не му било дозволено да служи војска.
Во 1963 година, актерот требал да служи воен рок во САД.
Но, не ги исполнувал условите – имал проблеми со синусите, а имал и проблеми со видот.
Сепак не дозволил ова да го обесхрабри, па почнал да се фокусира на техники за борење одблизу.
„Уште од детството сум кратковид, а ова значи дека ако немам очила, не можам да го видам противникот ако не е блиску до мене. Поради ова се фокусирав на кунг фу техники за борење одблизу“.
Девојка му го одбила која ја запросил
Првата вистинска љубов на Брус Ли била Ејми Санбо, а актерот бил толку вљубен во неа, што ја запросил неколкупати. Но, таа секогаш го одбивала.
Во 2020-та, беше снимен документарец за животот на Брус Ли, а тогаш режисерот сподели дека зборувал со Ејми:
„Разговарав со Ејми Санбо, неговата прва девојка во Америка, која му го скрши срцето. Ми кажуваше за тоа како бил малку чуден романтично...
Разговорот со неа беше вистинско просветлување. Ејми има јапонско и американско потекло. Првите години во Америка, Брус беше изгубен меѓу неговиот идентитет во Хонгконг и новиот идентитет во САД.
Па, Ејми му ја покажа убавината на тоа да се биде Азиец во Америка“.
Го поврзуваа со убиството на Шерон Тејт
Убиството на Шерон Тејт е едно од најпознатите злосторства во Холивуд, а виновник е Чарлс Менсон и неговиот култ.
Но, пред сопругот на Шерон – режисерот Роман Полански – да дознае кој е убиецот, мислел дека виновникот е Брус Ли.
Тој дури почнал своја истрага пред да биде откриен вистинскиот виновник.
Бидејќи на кобната ноќ биле убиени неколку лица, режисерот сметал дека Брус Ли е единствената личност што ја познава, а која е способна за нешто такво.
Прочитајте повеќе: Била убиена во 8-ми месец од бременоста од култот на Чарлс Менсон: Тажната судбина на актерката Шерон Тејт
Почина на само 32-годишна возраст
Брус Ли почина на 32-годишна возраст, само неколку недели пред премиерата на Enter the Dragon – филм кој ќе се покаже како најуспешен во неговата кариера.
Додека траело снимањето, актот изгубил свест, по што бил дијагностициран со церебрален едем, односно оток на мозокот.
Во болница му дале соодветна терапија и го испратиле дома, но околу еден месец подоцна, починал.
Поради неговата возраст, почнаа да се јавуваат секакви теории на заговор за неговата смрт – од семејно проклетство, до тоа дека бил отруен од неговата љубовница.
Во 20222 година се шпекулираше и дека актерот можеби имал проблеми со бубрезите кои го предизвикале едемот.
Спирова С. | Црнобело