Шон Пен сакал да го избрка синот зависник од дома: Проклетството што ги следи децата на холивудските ѕвезди
- Детали
- вторник, 06 јануари 2026
Синот на актерката Фара Фосет наследи 4,5 милиони долари по нејзината смрт. И, успеа буквално сите пари да ги потроши на дрога. Денес е хоспитализиран со шизофренија.

Ние, „обичните“ луѓе мислиме дека оние кои имале среќа да бидат деца на богати и славни личности не мора да се грижат за ништо во нивниот во животот.
Во голема мера, ова е точно – децата на најголемите холивудски ѕвезди навистина имаат живот за кој повеќето можат само да сонуваат.
Покрај финансиската безбедност, овде се и многуте можности што им ги пружат нивните славни родители.
Но, постои и друга страна на растењето во богато и моќно семејство – деца кои биле толку привилегирани, што завршуваат како зависници, па и убијци.
Некогаш, пак, нивните славни родители не им обрнуваат воопшто внимание бидејќи кариерата им е поважна па не изненадува што децата трпат последици и подоцна во животот.
Периодов најмногу се зборува за синот на режисерот Роб Рајнер кој си ги уби родителите, а притоа е и зависник од метамфетамин.

И други деца на славни личности имаат слични приказни:
Камерон Даглас
Камерон Даглас е 47-годишниот син на Мајкл Даглас и низ годините бил мошне отворен за неговата зависност.
Првпат пробал дрога на 13 години, откако почнал да се дружи со „лошо друштво“. На 15 години користел кокаин, на 17 користел метамфетамин, а додека да наполни 26 години, веќе употребувал и хероин.
Мајкл Даглас пробал да му помогне на Камерон да се исчисти така што го натерал да се појави со него во филмот It Runs in the Family.
Во 2019 година, Камерон и татко му Мајкл дадоа заедничко, емотивно интервју во кое зборува за неговата зависност.
На прашањето дали мислел дека може да му помогне, Мајкл изјави:
„На почетокот се обвинував себеси, но потоа почнав да обрнувам внимание на моите гени. Кариерата ми беше приоритет.
Кариерата ми беше поважна од семејството. Бракот не ми беше многу добар, па како да се криев во работата.
Требаше повеќе да се фокусирам на семејството, но тешко е да го кажете тоа кога сте на врвот“.
Камерон имаше сериозна зависност од кокаин и хероин, а почна и да продава метамфетамин поради што во 2009-та, заврши во затвор.
Претходно Камерон многупати избегнувал правда за прекршоци, а вели дека кога конечно го фатиле, како да се разбудил. Тоа го натерало да си го промени животот.
Тој дури и ограбил мотел со пиштол, за подоцна да открие дека повеќе му било поради еуфоријата што ја чувствувал, отколку за пари.
„Сакав да ги збунам луѓето, да ги натерам да се чудат како може некој кој потекнува од толку привилегирано семејство да прави толку многу глупости“.
На крај, Камерон помина седум години во затвор, а денес вели дека е на добар пат.
