Шон Пен сакал да го избрка синот зависник од дома: Проклетството што ги следи децата на холивудските ѕвезди
Хопер Пен
И Шон Пен има син кој бил зависник.
Хопер, кој денес има 32 години, има изјавено дека татко му Шон бил тој му го спасил животот и му помогнал да се извлече од зависноста.
За разлика од синот на Мајкл Даглас, Хопер не е толку отворен за своите проблеми, но има изјавено дека да не бил татко му, сигурно ќе умрел.
„Користев секаква дрога, но метамфетаминот ми беше најголем проблем.
Бев на рехабилитација бидејќи се разбудив во болница и татко ми ме праша ’Рехабилитација или клупа на улица?‘
Му реков дека го одбирам креветот. Фала богу што се извлеков бидејќи тоа беше најлошиот период од мојот живот“.
Денес Хопер е активен во филмската индустрија како татко му и вели дека нема проблеми со дрога.
Редмонд О’Нил
Синот на Фара Фосет и Рајан О’Нил исто така имаше сериозни проблеми со дрога кои се влошија по смртта на мајка му.
Редмонд наследи 4,5 милиони долари од мајка му и успеа сите да ги потроши на дрога.
Првпат беше на рехабилитација во 2004 година, но оттогаш постојано му се враќаше на порокот. Еднаш беше и уапсен за поседување дрога.
Во 2018-та, пак, беше уапсен поради сомнение дека извршил вооружен грабеж во сендвичарница и дека избодел пет лица.
На крај беше прогласен за личност која не е во состојба да присуствува на судење.
Во меѓувреме, брат му на Редмонд има изјавено дека татко им го натерал да користи кокаин на само 11-годишна возраст.
Тие дури и беа фатени како заедно користат дрога.
„Јас сум безнадежен татко. Не знам зошто. Мислам дека не требало да бидам татко. Само погледнете ги моите деца – или се во затвор, или треба да бидат“, има изјавено Рајан О’Нил.
Минатата година Редмонд беше дијагностициран со шизофренија и е хоспитализиран.
Спирова С. | Црнобело
