Тинејџерската љубов што Кејт Винслет не може да ја преболи: „Имав 15, а тој 27 години, уште тагувам за неговата смрт“

На 15-годишна возраст, Кејт Винслет беше во врска со 27-годишен маж. Иако јавноста ги критикуваше поради возрасната разлика, тие беа заедно скоро пет години, а раскинаа откако дечко ѝ беше дијагностициран со рак, поради што почина на само 32 години.

tinejdzherskata-ljubov-shto-kejt-vinslet-ne-mozhe-da-ja-preboli-imav-15-a-toj-27-godini-ushte-taguvam-za-negovata-smrt-01.jpg

Најпознатата улога на Кејт Винслет е во филмот Titanic каде љубовната приказна на нејзиниот лик завршува со трагедија.

Но, Кејт Винслет се соочила со слична трагедија и приватно. Нејзиниот прв дечко, кој го нарекува најголемата љубов во нејзиниот живот, починал истата недела кога Titanic почна да се прикажува во киносалите ширум светот.

50-годишната актерка моментално е во брак со третиот сопруг, но вели дека нејзиниот прв дечко, Стивен Тредре, бил нејзината сродна душа.

tinejdzherskata-ljubov-shto-kejt-vinslet-ne-mozhe-da-ja-preboli-imav-15-a-toj-27-godini-ushte-taguvam-za-negovata-smrt-02.JPG

Стивен Тредре беше актер и сценарист, а ја запознал Кејт на сетот на серијата Dark Season во 1991 година.

Ова е всушност првата улога на Кејт, а Стивен се појавува во една епизода.

Актерката вели дека брзо се вљубила во него, без разлика што тогаш имала 15 години, а Стивен – 27.

„Правеше да се чувствувам сигурно и стана најважната личност во мојот живот, исто како моето семејство“, има изјавено актерката.

tinejdzherskata-ljubov-shto-kejt-vinslet-ne-mozhe-da-ja-preboli-imav-15-a-toj-27-godini-ushte-taguvam-za-negovata-smrt-3.JPG

Кејт до денес зборува дека тој бил нејзината најголема љубов, иако тој период јавноста негодуваше за нивната врска поради огромната возрасна разлика и фактот дека актерката беше малолетна.

И покрај критиките, врската на Кејт и Стивен траеше скоро пет години, а извесен период тие дури и живееја заедно.

Се разделија кога Кејт имаше 19 години, во период кога Стивен беше дијагностициран со рак.

tinejdzherskata-ljubov-shto-kejt-vinslet-ne-mozhe-da-ja-preboli-imav-15-a-toj-27-godini-ushte-taguvam-za-negovata-smrt-14.JPG

И покрај раскинувањето, Кејт има откриено дека постојано била во контакт со него и му била поддршка додека се борел со болеста.

„Јас и Стивен разговаравме секој ден. Тој не беше личност на која би ѝ свртела грб“.

За жал, Стивен ја изгуби битката и почина на 34-годишна возраст, во 1997 година.

tinejdzherskata-ljubov-shto-kejt-vinslet-ne-mozhe-da-ja-preboli-imav-15-a-toj-27-godini-ushte-taguvam-za-negovata-smrt-06.JPG

Кејт, пак, многупати има изјавено дека многу години подоцна, уште ја нема преболено неговата смрт.

„Неговата смрт ме скрши… Зборувам за него како уште да го сакам бидејќи навистина уште го сакам.

Се надевам дека засекогаш ќе биде така“, сподели актерката по трагедијата.

tinejdzherskata-ljubov-shto-kejt-vinslet-ne-mozhe-da-ja-preboli-imav-15-a-toj-27-godini-ushte-taguvam-za-negovata-smrt-07.JPG

Кејт никогаш нема спомнато дека нивната возрасна разлика била проблем. Но, честопати зборува за тоа како Стивен ѝ ја вратил самодовербата.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Љубов каква што ретко постои: Мајкл Даглас (81) и Кетрин З. Џонс (56) се гледаат вљубено и по 25 год... Тој е 25 години постар од неа, во брак се исто така 25 години, а се трудат да из...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...

Најчитани неделава