Тинејџерската љубов што Кејт Винслет не може да ја преболи: „Имав 15, а тој 27 години, уште тагувам за неговата смрт“
Кејт била жртва на булинг и сите постојано ѝ кажувале дека не е доволно убава за да стане позната актерка. Но, Стивен ѝ помогнал да се справи со лошите коментари.
„Бев срамежлива и ранлива кога почнав да се гледам со Стивен. Тој ми беше извор на сила додека бевме заедно. Беше 12 години постар од мене.
Имав 15, а се разделивме кога имав околу 19 години. Тој навистина ме научи да верувам во себе и ми помогна да се разберам себеси“.
Додека повеќето родители не би сакале нивната малолетна ќерка да има 27-годишен дечко, Кејт тврди дека мајка ѝ го сакала Стивен.
„Ѝ кажав на мајка ми и си помислив дека ќе се разгневи. Но, таа само ме праша кога ќе го донесам на гости“.
На 16-годишна возраст Кејт се отпишала од училиште за да може да се посвети на актерката кариера, а веќе следната година почнала да живее со Стивен.
Актерката вели дека биле пресреќни заедно, но по дијагнозата со рак, здравјето на Стивен почнало нагло да се влошува.
Извесен период ракот бил во ремисија и тогаш Стивен решил да стави крај на врската, за да ја заштити Кејт од болка.
„Имаше тумор на ногата и многу хемотерапии. Јас бев таму за него. Ќе отидев на снимање, а потоа одев во болница да бидам со него…
Кога состојбата на Стивен се подобри и ракот беше во ремисија, раскинавме. Бев многу млада, имав само 19.
Сега се прашувам како можев да оставам личност која е во толку лоша состојба. Но, мислев дека Стивне ќе се подобри…
Стивен ме остави и тоа беше во знак на љубов. Кога ќе се присетам, посакувам да не раскиневме. Посакувам да бев таму, до самиот крај. Си замина брзо и некогаш уште се присетувам на тие моменти“.
Кејт Винслет дури и ја прескокна американската премиера на Titanic за да присуствува на погребот на Стивен.
„Бев депресивна. Личност со која сум поминала четири и пол години од животот одеднаш почина. Пропуштив скоро сè околу премиерата на Titanic“.
Кејт има изјавено дека во периодот кога тагувала по нејзината љубов, станал и светски позната, па целиот период бил чуден за неа.
„Чувствував многу болка и бев збунета за тоа која сум“.
Спирова С. | Црнобело