Бајковитата свадба на Венус Вилијамс: Се венча по една година врска, доби јахта од сестра ѝ Серена, славеле 6 дена
- Детали
- среда, 24 декември 2025
По венчавката во Италија, Венус Вилијамс и партнерот Андреа направија и свадба во САД. Од Серена добиле јахта на која организирале мала забава во склоп на свадбата, а целата прослава траела шест дена.

Тенисерката Венус Вилијамс и актерот и продуцент Андреа Прети викендов направија свадба во Флорида.
Неколку месеци претходно, тие се венчаа во Италија, а се одлучија и за втора прослава.
Парот направил 6-дневната прослава со семејството и најблиските пријатели, а Венус откри и неколку детали за свадбата, вклучувајќи го и луксузниот подарок од сестра ѝ.
„Серена ни подари убава јахта, таа ја организираше храната и сè останато. Имавме 10-тина од најблиските пријатели и членови на семејството и прославивме на јахтата со пеење, танцување, озборување и само уживајќи во нашето друштво“.
45-годишната тенисерка и нејзиниот 37-годишен партнер одлучиле да направат уште една прослава во САД, бидејќи треба да чекаат долг период додека венчавката во Италија да се официјализира и во Америка.
Тие се венчаа во Италија на 18-ти септември.
„Сонот ни беше да се венчаме во Италија. Но, немавме доволно време да ги средиме сите документи – бидејќи јас сум од друга држава, може да одземе и осум месеци. Па, одлучивме да направиме втора свадба“.
За Vogue, Венус споделува детали за нивната врска, а го пишува и мигот кога Андреа ја запросил.
Тие се запознаа во 2024-та, на Модната недела во Милано, а набрзо потоа почнале да се допишуваат.
Венус вели дека по шест години поминати сингл, не скала драми, но Андреа веднаш се покажал како одличен партнер.
„По само неколку состаноци, знаев дека ќе се венчам со него. Луѓето секогаш велат дека претчувствуваат и јас навистина знаев“.
Шест месеци подоцна, Андреа ја побара за жена.
„Со Андреа сакаме да патуваме и бевме на прекрасно место со термални води. По цел ден поминат во базените и неколку масажи, вечеравме во нашата соба, кога Андреа ми рече да си замислам желба.
Потоа ме праша дали сакам да ја слушнам неговата желба. Му реков дека сакам и тој се сврти, извади прстен и ме побара за жена“.
Покрај забавата на јахта, Венус и Андреа организирале уште неколку прослави со најблиските.
Венус, пак, променила неколку аутфити, додека за главната вечер избрала долга бела венчаница од тантела со долг бел вел.
Фотки од 6-дневната прослава во продолжение:
Спирова С. | Црнобело