Серена Вилијамс критикувана за тесниот фустан на забавата пред Мет галата: „Ѝ се гледа задникот, изгледа евтино“
- Детали
- понеделник, 04 мај 2026
На забавата пред Мет галата која е организирана од Vogue, Серена Вилијамс се појави со тесен црвен фустан со висок шлиц од кој ѝ „ѕирка“ задникот. Додека сестра ѝ Венус доби комплименти, фустанот на Серена е опишуван како „кич“, „вулгарен“ и „евтин“. На забавата присуствува и други ѕвезди како Џорџина Родригез и Ирина Шајк.

Вечерва, во музејот Метрополитен во Њујорк ќе се одржи Мет галата, но прославите во склоп на настанот се веќе почнати.
Традиционално, во петокот (01.05) се одржа забава во организација на Vogue на која присуствуваа бројни познати личности како Џорџина Родригез, Ирина Шајк, Донатела Версаче и Вера Ванг.
Фокусот на забавата е секако модата, па присутните се појавија во впечатливи креации, иако не толку гламурозни како она што ќе го видиме вечерва.
А од сите, можеби најмногу внимание привлече аутфитот на тенисерката Серена Вилијамс.
45-годишната тенисерка е меѓу организаторите на Мет галата, па на забавата беше како почесен гостин.
Сепак, јавноста изразни разочарување за нејзиниот стајлинг.
Серена се појави во тесен, црвен фустан со гол грб и огромен шлиц, во комбинација со црни штикли.
Но, доби многу критики дека фустанот изгледа вулгарно бидејќи од шлицот ѝ „ѕирка“ и задникот.
„Изгледа евтино, кич и вулгарно“.
„Серена, ти се гледа задникот“.
„Ако има стилист, треба да го отпушти. А, ако нема, тогаш под итно да си најде бидејќи ова е ужасно“.
„Не знам од каде да почнам – ѝ ја видовме долната облека кога излегуваше од автомобилот. Високиот шлиц не ѝ стои добро, ѝ се гледа половина задник…“
„Драга, ова не е фустан за тебе“.
„Колку вулгарен фустан, несоодветен за нејзината возраст. Навистина ужасно“.
Серена присуствуваше на забавата со сестра ѝ Венус, која исто така е дел од организацискиот тим на Мет галата. За разлика од Серена, Венус доби комплименти за изгледот.
Таа носеше тесен црн фустан со црвен дезен, во комбинација со црни сандали.
„Венус изгледа прекрасно, Серена не баш. Русата коса и црвениот фустан не ѝ стојат добро“.
Инаку, годинава Џеф Безос и Лорен Санчез се главни спонзори на Мет галата, а со ова добија место и меѓу тимот организатори.
Сепак, дел од јавноста коментира дека со ова си купиле место на тимот и некои се сомневаат дека годинашниот настан ќе биде разочарување.
Според некои извори, Безос и Лорен платиле 10 милиони долари за оваа привилегија.
Спирова С. | Црнобело