Ја запознал на сетот на Titanic, ја остави третата сопруга за неа: Љубовта на Џејмс Камерон и сопругата трае скоро 3 децении
- Детали
- недела, 28 декември 2025
Режисерот Џејмс Камерон и неговата сопруга се во брак веќе 25 години. Се шпекулира дека ја почнале врската како афера, но заедно изградија живот на кој повеќето би завиделе. Имаат три биолошки и едно посвоено дете, а и двајцата зад себе имаат неуспешни бракови.

Режисерот Џејмс Камерон и сопругата Сузи се во брак веќе 25 години, а велат дека се посреќни од кога било.
Неодамна Сузи сподели и дека и покрај тоа што се заедно скоро три децении, никогаш не им недостасуваат теми за разговор.
Џејмс Камерон е еден од најпознатите и најдобрите холивудски режисер, а најголема поддршка му е токму сопругата Сузи.
И, нивната љубов почнала благодарение на филмот што најмногу го прослави режисерот – Titanic.
Детали за љубовната приказна на Џејмс и Сузи Камерон:
Џејмс имаше четири разводи зад себе кога се венча со Сузи
Со првата сопруга, режисерот беше во брак од 1985 до 1989 година.
Со втората, режисерката Кетрин Бигелоу, се венча речиси веднаш по првиот развод. Но, се разделија околу две години подоцна.
Потоа тој беше во брак со актерката Линда Хамилтон, а се шпекулира дека ја изневерувал со сегашната сопруга.
Почетокот на нивната врска е доста комплициран
Џејмс Камерон и сопругата Сузи се запознале на сетот на Titanic.
Веќе знаете дека Џејмс е режисерот на филмот, додека Сузи ја глуми внуката на Роуз.
Снимањето на филмот почна околу 1996 година, во периодот кога Џејмс беше во врска со актерката Линда Хамилтон.
Иако подоцна има изјавено дека Сузи веднаш почнала да го привлекува, до премиерата на филмот, тој сепак се венча со Линда.
Не е познато што точно се случувало, но според некои извори, Џејмс почнал афера со Сузи.
Други извори, пак, велат дека тој веќе бил разделен со Линда кога почнал да се гледа со Сузи.
Се венчаа веднаш по четвртиот развод на Џејмс
Џејмс и Линда се разведоа во 1999-та, а веќе следната година, тој се венча со Сузи.
Не се познати скоро никакви детали за нивната свадба, а онлајн не се достапни ни фотографии.
Уште на почетокот тие се покажаа како мошне приватен пар, па ретко зборуваат за нивниот брак и денес, 25 години подоцна.