Ја запознал на сетот на Titanic, ја остави третата сопруга за неа: Љубовта на Џејмс Камерон и сопругата трае скоро 3 децении
Имаат четири деца
Џејмс и Сузи имаат три биолошки ќерки – Клер, Квин и Елизабет.
Во 2020 година, тие станаа старатели на пријателка на ќерка им.
Како што открија самите, девојчето, кое е во тинејџерските години, живеело со нив од 2019 година бидејќи нејзините родители не можеле да се грижат за неа.
По околу една година, решиле и официјално да ја посвојат за да ѝ овозможат што е можно подобар живот.
Сузи има развод зад себе
И Сузи Камерон има искуство со неуспешен брак.
Претходно таа беше во брак со актерот Сем Робардс кој го запознала на сетот на нејзиниот прв филм – Fandango.
Се венчале во 1986-та, а се развеле во 1994-та. Заедно имаат и син.
Впрочем, и Џејмс Камерон има уште една ќерка, од бракот со Линда Хамилтон.
Заедно се залагаат за заштита на природата
Во 1990-тите, Сузи се откажа од актерската кариера и целосно се посвети на активизмот.
Заедно со Џејмс, низ годините биле вклучени во многу проекти за заштита на природата.
Сузи има издадено книга на оваа тема, а има отворено и еколошко училиште.
Со сопругот е дел од низа организации и бизниси кои се фокусираат на одржливоста и се меѓу најактивните луѓе во Холивуд кога е во прашање оваа тема.
Велат дека уште се сакат како на почетокот од врската
Неодамна, за The Hollywood Reporter, Сузи сподели дека љубовта меѓу неа и Џејмс е иста, ако не и посилна.
„Има многу причини за ова – сакаме а шетаме низ дома по чорапи, двајцата читаме многу, сакаме да се дружиме. По сите овие години, немало момент кога сме немале тема за разговор“.
Спирова С. | Црнобело