Семејна драма на свадбата на ќерката на Гордон Ремзи – младоженецот не ги поканил родителите, мајка му скршена од болка
- Детали
- понеделник, 29 декември 2025
Викендов, ќерката на Гордон Ремзи, Холи, стапи во брак, но денот го одбележа и семејна драма. Новиот сопруг на Холи, Адам, ѝ забранил на мајка му да дојде на свадбата бидејќи сметал дека е „лошо влијание“, но и поради конфликтите по нивната свршувачка.

Викендов, ќерката на познатиот готвач Гордон Ремзи, Холи, се венча со партнерот Адам Пити.
25-годишната Холи и 30-годишниот Адам се венчаа во саботата, а церемонијата се одржа во популарна црква во Самерсет, Англија.
Холи носеше долга венчаница со долг вел, а влезе во црквата заедно со татко ѝ Гордон.
На венчавката присуствуваше и сопругата на Гордон и петте останати деца на познатиот готвач.
Новиот сопруг на Холи, Адам, има 5-годишен син кој присуствуваше на венчавката.
Но, додека Гордон Ремзи со гордост се пофали за венчавката, родителите на Адам, поточно мајка му не беше поканета.
Познатиот готвач сподели две фотки со ќерка му со опис:
„Навистина сум среќен што ќе можам да ја однесам оваа убава невеста до олтарот и што ќе добијам прекрасен свекор. Те сакам многу Холи и не можам да бидам погорд татко“.
Што се однесува до семејната драма на Адам, Daily Mail пренесува дека конфликтот бил толку голем, што тој мислел да не покани никој од своето семејство.
Неговата мајка, Керолин, во изјава за Daily Mail вели дека срцето ѝ било скршено што го пропуштила денот кој очекувала да биде најсреќниот од нејзиниот живот.
„Се чувствувам како Холи и Адам да ми го отсекоа срцето“.
Целата драма започнала во септември минатата година, кога Адам и Холи не поканиле голем дел од нивните семејства на свршувачката.
Исто така, Керолин, мајката на Адам, не била поканета на претсвадбена прослава на парот, без разлика што присуствувалa мајката на Холи, па дури и Викторија Бекам.
Иако не била поканета, Керолин испратила подарок за парот, но и за 31-иот роденден на нејзиниот син.
На свадбата не била поканета ни тетката на Адам, која исто така се огласи за британските медиуми. Адам е олимписки пливач, а тетка му истакнува дека неговата мајка е таа која го носела по тренинзи и била тука за него додека да успее.
„Многу ми е жал за Керолин. Не ми се верува дека ѝ го направи ова на мајка му која вложи толку многу за него. Не e во ред да ја третира вака“.